Ја фатил свршеницата на дело со својот другар!

Славниот рагбист Мајкл Лича за малку ќе искрварел до смрт, откако со рака скршил прозорец откако ја видел својата свршеничка Кара Чилдерхаус како орално го задоволува неговиот соиграч Адам Елиот.

Инцидентот се случил во 2021-ва година во куќата на рагби ѕвездата. Поранешниот репрезентативец на Либија таа вечер испол премногу и заспал во собата. Во раните утрински часови станал и во градината ја видел својата тогашна свршеничка Кара како го изневерува со соиграч од тимот.

Од шокантната глетка го загубил разумот и во налет на бес силно со раката удрил во стаклото на влезната врата. Изгубил 2,5 литри крв и речиси искрварил до смрт.

Рагбистот бил обвинет за семејно насилство и случајот завршил на суд.

„Не можев да ја исфрлам од глава сликата од мојата свршеничка која има орален однос со мојот најдобар пријател“, го опишал Лича инцидентот на суд во петокот.

Еден сведок таа вечер слушнал маж кој рекол: “Ќе ја убијам”.

Лича постојано тврди дека не ја нападнал поранешната свршеничка. На крајот обвиненијата против него се отфрлени, бидејќи Кара одбила да сведочи против него.

Неговиот поранешен пријател, инаку играч на Канбера Рајдерс, Адам Елиот, ја потврдил неговата верзија од приказната.

Елиот открил дека бил 12 часа во куќата на соиграчот и дека Лича и рекол на свршеничката: „Што правиш по ѓаволите?„ После тоа се вратил во куќата и го скршил стаклото.

Лича е среќен бидејќи вистината конечно излегла на виделина.

„Сега само сакам да го оставам ова зад себе и да продолжам со својот живот“, рекол рагбистот.

Поранешниот либански репрезентативец, кој одиграл повеќе од 100 рагби натпревари во НРЛ, поради повредата морал да ја заврши кариерата.

Коментари

Популарно