ФОТО: Вака денеска изгледа заводливиот Игнацио од серијата „Касандра“

Се сеќавате ли на згодниот и маркантен фраер од серијата „Касандра“, кој го привлекуваше вниманието на женската популација во секоја епизода?

Освалдо Риос Алонсо е актерот со порториканско потекло кој тогаш, на 30-годишна возраст, го глумеше згодниот и богат Игнацио (и неговиот брат близнак). Во серијата тој се заљубува во циркуска циганка. Неговата култна улога од 1996 година во серијата „Касандра“ ги освои симпатиите ширум светот.

Тој е единствениот актер од Латинска Америка чии телевизиски серии се продадени во повеќе од 100 земји и преведени на дури 32 јазика. Во текот на својата актерска кариера паралелно студирал бас гитара и се занимавал со музика. Тој има основано и своја продуцентска куќа, која во своите проекти вклучува различни мини-серии и документарни филмови.

Улогата во „Касандра“ му донела многу признанија од меѓународни критичари, од дури 17 исклучителни актери во 7 земји на Латинска Америка.

Освалдо денес може да го препознаете само по некогашниот заводлив изглед, бидејќи многу се променил, а според некои медиуми користи ботокс. Иако активно вежба и наскоро ќе влезе во осмата деценија, тој сепак е маж по кого многу дами би се завртеле на улица.

Три пати го има кажано судбоносното „ДА“ и од тие бракови има три сина. Моментално е во врска со Лусијана Родригез. Но, неговото минато не е мирно и убаво како неговиот лик. Во 2004 година, Освалдо е осуден на затворска казна поради кривично дело семејно насилство врз неговата тогашна девојка Дејзи Сантијаго.

Тој за шпанските медиуми своевремено истакна дека не знаел да ја цени својата девојка и низ солзи призна дека вербално и физички ја малтретирал.

И подоцна ваквите обвинувања не го заобиколуваа, малтретирање на брачната партнерка новинарката Кармен Доминичи, а потоа и бразилската атлетичарка Касијана Роса со која беше во врска.

Иако некои шпански медиуми објавија дека тој ставил крај на својата последна четиригодишна врска со Лусијана Родригез, сепак на неговиот Инстаграм профил има слики со неа каде тој ужива во Мексико.

Коментари

Популарно