(Фото) Пандев за оптимизмот на Милевски испрати порака – замолчи!

Рекордерот во македонската репрезентација, иконата Горан Пандев (122 меча – 38 гола) испрати порака до селекторот Благоја Милевски да замолчи после невидениот негов оптимизам дека Македонија е на прав пат и покрај ужасниот циклус во Лигата на нации со само седум освоени бода и трето место во групата 4 во Ц-дивизијата.

Пандев кој после пензионирањето од репрезентацијата ланското лето е во војна со ФФМ, па „куќата на фудбалот“ не му пиша ни едно благодарам за неодамнешното пензионирање, од поодамна знаеше да го пецне Милевски уште во текот на мундијалските квалификации, но сега уште подиректно испрати порака преку социјалните мрежи.

„Без разлика на сите проблеми, мислам дека сме на вистинскиот пат“, рече Милевски меѓу другото во анализата на севкупната состојба во националниот тим после поразот од Бугарија и падот на третото место во групата, иако пред стартот на циклусот бевме фаворити за првото.

Коментари

Популарно