Ни во лудило не смеете да ѝ ги кажете овие зборови за време на сексот

Мажите често не размислуваат за тоа колку е лесно со зборови да се повреди жената, но веројатно најлошо е кога тоа ќе го направат за време на сексот.

Замислете сценарио: вие двајца сте во кревет, сè е супер и тогаш мажот случајно кажува нешто (без никаква лоша намера) поради кое жената се чувствува како „покисната“. И моментот на страст поминал.

Многумина поминале низ тоа, а мажите кои се „изгореле“ знаат дека во таква ситуација не е воопшто лесно повторно жената да се доведе во добро расположение. Затоа, за да не ја направите и вие таа грешка, ви пренесуваме листа на работи кои во никој случај не би требало да ѝ ги кажете на жената со која сте интимни во тој момент. Т.е. немојте да ги кажувате ако сакате да продолжите со сексот.

1. Дали доживеала оргазам? 

Ако не го знаете одговорот, веројатно не доживеала.

2. Мојата поранешна девојка обично... 

Нема споменување на поранешните девојки во кревет.

3. Дали обично секогаш ти треба толку време за да доживееш оргазам?

Таа би можела да возврати со потпрашање дали обично ти треба долку долго време за да го пронајдеш клиторисот.

4. Јас не сум љубител на орален секс... 

Секако дека притоа мислите на тоа дека вие не сакате да го пружате, но со задоволство би го примале. И секако дека после тоа таа може да ве погледне бледо и веднаш да ве испрати дома.

5. Не ги спомнувајте родителите. 

Во никаков контекст.

6. Не грижи се. Повеќето жени кои сум ги запознал тешко доживуваат оргазам. 

А, можеби, проблемот е во вас, а не во жените.

7. Име на друга девојка... 

Тоа автоматски ќе ве катапултира од креветот.

8. Не ми е убаво со презерватив. Дали можеме без него, барем овој пат? 

Нема шанси. Подобро спакувајте се и заминете си дома.

9. Мене ми треба многу поголем презерватив. 

Голи сте. Таа ве гледа. Нема потреба да измислувате.

10. За што размислуваш сега? 

Веројатно жената само уживала, но после ова прашање сигурно ќе почне да размислува за нешто.

Коментари

Популарно