(Видео) Вака се случила сообрајката во која загинаа мајка и ќерка во БиХ

Мајка и ќерка од Новo Село кај босанската општина Поточани загинаа во страшна несреќа кај градот Прњавор.

Очевидци кои учествувале во спасувањето изјавиле дека мајката и ќерката настрадале во возилото, додека таткото и уште едно дете со тешки изгореници биле однесени со брза помош, но нивната состојба е исклучително тешка.

До несреќата дошло кога возилото на семејството на жртвите се приклучувало на магистрален пат. Друго возило кое доаѓало од правец на Прњавор без кочење удрило во возилото на несреќното семејство, при што дошло до експлозија и палење на резервоарот за бензин.

На видеото кое го објави Prnjavor.info се гледа моментот на сообраќајната несреќа. Автомобилот се запалил токму во моментот на несреќата, што може да се види на видеото.

Да потсетиме, во страшна несреќа загинаа мајка и малолетна ќерка, кои изгореа во возило кое по ударот се запали.

Таткото и другото дете (4) се извлечени од возилото и пренесени во болница. Непозната е состојбата на возачот од другото возило, пишува Српска.инфо.

Коментари

Популарно