Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура е во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Во наредните денови следува период на претежно облачно време со релативно високи утрински и дневни температури.

Коментари

Популарно