Подгответе вкусна чорба со зеленчук и куркума

Чинија топла чорба ги радува сите во студените денови. За да подготвите чорба од зеленчук по овој рецепт, нема да ви треба многу време или многу пари, а ќе добиете многу вкусна чорба.

Состојки:

1 мал целер

2 средни моркови

2 средни компири

1 мал праз

грст фиде

3 супени лажици маслиново масло

1,5 литар вода

1/2 лажичка куркума

1/2 лажичка лук во прав (или 1 свежо чешне лук)

1/2 лажичка црн пипер

За запршка:

2 полни лажици јогурт

2 лажици брашно

1 жолчка од јајце

Подготовка:

Исечете го целиот зеленчук на парчиња и пржете го во маслиново масло 3-4 минути. Додадете вода и варете. Наместо вода, можете да користите пилешка супа. Додадете ги тестенините и варете додека не омекне. Додадете зачини.

Во посебна чинија изматете ги јогуртот, брашното и жолчкате. Се меша со 2-3 лажици сварена супа и се додава во супата. Се вари кратко и се трга од шпорет.

Коментари

Популарно