Времето денес променливо облачно со повремени врнежи

Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.

Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен слаб дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено наутро и кон крајот на денот.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.

Коментари

Популарно