(Видео) Бугарин си доби ќотек на граница

Бугарин си доби ќотек на граница, откако претходно денеска со часови ги напаѓаше македонските полициски службеници.

Уапсени се бугарските државјани кои денеска ги пцуеја македонските полициски службеници на граничниот премин Деве Баир, оти чекале повеќе часа. Денеска околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) државјани на Бугарија кои прво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале кон полицијата. Потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР. 

Навистина беше тензична ситуацијата кога бугарските државјани ги пцуеја македонските полицајци.

Коментари

Популарно