(Фото) Таа е најбогатата српска пејачка

Пејачката Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, која во 2013 година се омажи за ИТ експертот Даниел Роквиќ, дваесет години постар од неа, е една од најбогатите пејачки на српската естрада.

Кога се во Србија, живеат во Врачар во куќа од 500 квадрати. Имаат три куќни помошнички бидејќи гардеробата на Дијана вреди половина од куќата и треба да се одржува.

Во својата колекција Дијана има „Hermes Birkin“  чанта која чини исто како два стана во Скопје.

Имено, за таа чанта, која се продавала за 100.000 долари, имало листа на чекање од дури шест години.

Пејачката купила и чевли на кои, како што вели, има златни „ролекс“ часовници.

Коментари

Популарно