Жени, еве за што најмногу фантазираат мажите во кревет

Мажите би сакале сексот да им трае подолго и тие ја сакаат предиграта како и жените, и повеќето од нив преферираат бавно доживување на оргазам.

Секс среде ноќ

Мажите сонуваат жената да ги разбуди среде ноќ со нежни допири и така да иницира секс. А, потоа, работите се развиваат во правец на сите оние луди фантазии кои мажите ги обожуваат. Во техничка смисла, повеќето мажи ќе бидат сосема посветени на сексот среде ноќ. Тие од силната возбуда нема да знаат дали се на сон или во јаве.

Соблекување на жената како афродизијак

Машкото возбудување претежно расте додека се борат со женската гардероба т.е. додека ја соблекуваат. Уште повозбудливо им е доколку под облеката се наоѓа крајно неочекувана долна облека – особено ако таа одразува сосема поинаква природа на жената од онаа која таа ја презентира со облеката.

Женски оргазми

На мажите многу им е важно нивната партнерка да доживее оргазам. Всушност, тие со тек на време станале речиси патолошки загрижени дека многу жени не доживуваат оргазам или дека глумат оргазам. Затоа, жената треба да им ги каже своите потреби.

Коментари

Популарно