ВИДЕО: 105 имитации во 6 минути

Интернетот е преполн со имитатори кои со својот талент се обидуваат да се претворат во сензација на ЈуТјуб, но на Квинтон Капело тоа би можело да му појде од рака.

Имено, тој во само 6 минути успеа да направи дури 105 имитации на познати ликови од филмовите, сериите и цртаните филмови, а тоа е доволна причина за да му посветите неколку минути од своето време.

Меѓу многуте имитации се наоѓаат и "стандардните" како што е Кристофер Вокен, Џек Николсон, Бетмен или Картмен, но и некои на кои не наидуваме баш секој ден.

Секако, некои имитации се подобри од другите, но неговиот талент на имитирање на толкав број на различни ликови секако е вреден за внимание.

Превземено од zazabava.mk

Коментари

Популарно