Нападот на редакцијата „Шарли ебдо“ во Париз одекна во светот како големо злосторство кое повикува за поголемо здружување во борбата против тероризмот. Исламските екстремисти убија 10 новинари и двајца полицајци.
На Интернет се појави нова снимка од терористичкиот напад на која се прикажани две маскирани лица како мирно се враќаат кон автомобилот по крвавиот масакр.
-Го осветивме пророкот Мухамед, вели еден од напаѓачите. Тие го менуваат оружјето и влегуваат во автомобилот, но набрзо пукаат кон полициското возило кое им наидува додека бегаат.