Да ве замолам за јогуртче едно, ако може, за со ѓевреков, да не го јадам на суво. Работев кај еден денес, не ми плати, ќе ви донесам пари утре, еве онде работам, подолу...

„Гозба – По бурек сабајлево во локалната пекара. Додека чекав да се допече симитката, влегува човек во работничко одело. Имаше преку 50. Засушена вар и бетон на неговите чевли.

Прастари, со врвките во различна боја, кафена и сина. Валкано капче на главата. Избраздено лице со длабоки брчки. Уште подлабоки пукнатини на грубите раце со крвави рани на неколку места. Сино одело кое посивело од прашина на колениците. Работничка класа. Типичен пример.

„Да ве замолам за јогуртче едно, ако може, за со ѓевреков, да не го јадам на суво. Работев кај еден денес, не ми плати, ќе ви донесам пари утре, еве онде работам, подолу, кај што е паркирано белоно комбе“… покажува со раката. Му се тресеше од срам, непријатно му беше.

Надничар, си помислив. Ја стискаше ќесата во рака во која се наоѓаше ѓевречето, врзано во чвор.

Момент кога ти се смрзнува крвта во жилите. За 15 македонски денари кои ги оставаш бакшиш, ги расфрлаш по дома, ги забораваш по џепови. За тебе ништо, за некого многу, живот. Со нив можеш да изгаснеш жед, да не јадеш на суво, со нив можеш да си приуштиш задоволство.

Две јогуртчиња му даде газдарицата, не едно. „Нема проблем, терај чичко“. Не знам колку пати ѝ рече фала на жената пред да излезе. А потоа седна на бетонската ограда надвор, го испи едното јогурче на екс, го разврза ќесето па се „гоштеваше“ полека. Ми се виде како цела церемонија, иако траеше само 2 минути.

На крајот од церемонијата, со грубите раце си ги избриша усните, рацете од оделото, па си замина. Колку ли ќе го држи едно ѓеврече? Физички работник. Со две кревања на лопатата ќе му отиде силата од ѓевречето.

Туку… ако не му платил човекот, од каде му е ѓевречето, си помислив? Можеби му останале 10 денари по џебовите па си го купил? Можеби си го донел од дома? Можеби исто вака некаде, во некоја друга пекара влегол, објаснувал, се молел… ѓеврече да му дадат?  [🙁]

Ми се одјаде. Ни симитката веќе не ми мирисаше убаво. Ни бурекот. Свесен ли беше чичкото, како што бев јас, дека во моментот кога ги побара јогуртчињата тој просеше? Зарем дотаму сме дошле? Работничката класа да ни проси? Дотаму.

Тоа е реалноста, насекаде околу нас, само треба да подзастанеш, да ги отвориш пошироко очите, за да ја видиш. За некого „гозби“ од ѓеврек и јогуртче, за политичарите гозби од срнечки грбови, лососи и коњски стекови… платени преку грбот на чичкото со чевли испрскани со вар и бетон  [🙁]  Јас само не знам, се прашувам, не можам да сфатам, како не ви мирисаат скапите гозби на потта на работниците? Нивната пот ви е зачинот!

Нивната крв ви е скапото вино кое го пиете… една ваша голтка чини стотици јогуртчиња… Крвопијци!  [🙁]  – Автор Калина Коси.

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно