ТРИК: Како да отклучите телефон што е заштитен со PIN

Доколку го заклучите екранот на телефонот како би спречиле неовластен пристап до неговата содржина со PIN-код, шифра или патерн, постои можност да заборавите на истиот.

Се прашувате што тогаш? Имаме решение за вас!

За Андроид 5.0 и нагоре:

1 Посетете го линкот google.com/android/devicemanager

2 Пријавете се со Google профилот со кои сте го регистрирале вашиот уред кој е заклучен

3 Ќе ја видите листата на сите свои уреди меѓукои  итој што е заклучен

4 Селектирајте го уредот и ќе видите опции Ring, Lock и Erase. Кликнете Lock и внесете нова шифра по желба.

5 Зачувајте ја промената со кликнување на Lock.

За Андроид 4.4 и надолу:

Овде процесот е многу поедноставен. Знаете дека доколку ја внесете погрешната шифра, PIN или патерн, после третиот пат ќе ви биде оневозможено повторно да се обидете во наредните 30 секунди.

1 Намерно погрешно внесете го PIN-от за да ви оневозможи повторно внесување за 30 секунди

2 Повторете го овој процес уште пет пати

3 Потоа ќе добиете опција Forgot Pattern, Forgot PIN или Forgot password во зависност од тоа што користите

4 Ќе ви се појави опција да го потврдите својот вистински идентитет така што ќе се логирате на Google профилот

5 По логирањето ќе ви биде овозможено да го отклучите телефонот, а доколку не е така, Google во некои случаи испраќа и дополнителен активациски емаил за да потврди дека тоа на вистина сте вие. Откако ќе го кликнете активацискиот меил вашиот телефон ќе биде отклучен.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно