Снимка на брутална тепачка на средношколци од едно училиште во Задар се појави на социјалните мрежи.
Според хрватските медиуми, станува збор за тепачка на момчиња од исто училиште. Најверојатно тепачката е организирана, бидејќи никој од бројната публика не се обидува да ги раздели момчињата.
Во еден момент тепачите дури и прекинаа за да и наредат на публиката да се тргне настрана за да им даде повеќе простор за тепање. На крајот се замеша и еден од публиката , кој почна да го удира едниот од тепачите, по што настана масовна тепачка. Задарската полиција ја добила снимката и во тек е истрага.
Неодамна, слична ваква тепачка меѓу две ученички имаше и во Сплит, каде 150 средношколци од две училишта навиваа додека девојчињата се претепуваа.