Настапот на илузионистот Марк Спелман во шоуто „Британија има талент“ долго ќе се памти. Додека сите други натпреварувачи главно биле видно нервозни, Марк на бината се појавил потполно смирен и полн со самодоверба и покажал трик кој му обезбедил златно копче и директно минување понатаму во шоуто.
На жирито им поделил фломастер, книга, Рубикова коцка, боици и карти и им задал задача, потоа се вратил на бината и покажал како изгледа „вистинска магија“.
На видеоѕидот почнало да се врти филмче кое открило дека сопругата на Марк е болна од рак откако успеала после пет години, неуспешно вештачко оплодување, да забремени. Нивната ќеркичка Изабела ја преживеала хемотерапијата низ која мајка и минувала и се родила како здраво девојче.
Додека на видеоѕидот се менувале снимките од малечката Изабела, публиката и членовите на жирито плачеле и воодушевено гледале што се случува пред нив. Видеото кое Марк го прикажал било снимано две години од животот на Изабела, а таа во него успеала да го погоди сето она што го избрало и жирито или добило од работите кои Марк им ги поделил на почетокот на настапот.