Имав секс со таткото на моето момче, сега не можам да се...

„Пред два месеци, дечкото ме одведе во преубав ресторан, каде го прославиме мојот роденден. Јас имам 22, а тој 23 години. Подоцна отидовме кај него дома, па водевме љубов. Фантастично беше.

Меѓутоа, следното утро доживеав шок. Ми рече дека има нешто да ми каже. Останав вчудовидена кога ми призна дека се гледал со уште две жени. И со нив имал секс.

Се каеше поради неверствата, бидејќи сфатил дека јас сум таа со која навистина сака да биде. Затоа и ми се исповеда за другите врски. Намерата му беше да почнеме сѐ одново.

Не да бев лута – збеснав!  Му реков да ми викне такси и си заминав. Цел ден ми ѕвонеше и праќаше пораки, а јас го игнорирав. Вечерта му се јавив на неговиот татко и го поканив на пијачка.

Изненаден беше, ама прифати. Тој има 43 години, но изгледа многу помладо. Не се заедно со мајката на дечко ми. Разведени се со години.

Првин поседовме во кафуле, па се качивме во автомобилот. Додека возеше, му  кажав што ми направи неговиот син. Тој ме бакна.

Ме праша и дали би сакала да одиме до кај него. Јас прифатив. Кога стигнавме, ме полазеа морници. Почна да ми се пушта.

Рече знаел дека само прашање на време е кога ќе освестам дека го сакам него, а не син му. Не ми се допаѓаше. Сепак – завршивме во кревет.

За време на сексот, цело време ми се плачеше. Не можев да дочекам да побегнам од станот. Уште истата вечер се смирив со дечкото.

Иако знае дека пак сме заедно, тој постојано ми праќа пораки. Бара повторно да се видиме. Во последната и ми се закани. Напиша дека сѐ ќе му каже на синот, доколку не прифатам.

Што да направам? Да продолжам да се гледам со таткото, или, пак, сѐ да му признаам на дечкото?

Ова се зборовите на девојката, којашто побара стручна помош и совет од порталот The Sun. Наспроти нејзината желба за одмазда, се чини дека новонастанатата ситуација не ѝ дава мир во душата.

Психотерапевтката и колумнистка, која им одговара на читателите под псевдонимот „Deidre“, пак, ја предупреди дека можни се две сценарија:

„Прво што треба да го направиш е да му кажеш на таткото на дечко ти дека нема да спиеш со него. И дека немаш намера да паднеш на неговата емоционална уцена.

Тој има себичен став кон жените и сексот. А, недостатокот на почит кон жените, дефинитивно му го пренел и на синот. Со тек на времето, ќе покаже и самиот такво однесување. Впрочем, веќе и го направил тоа, гледајќи се со други жени.

Ако му каже за вас двајцата, таткото ќе го загуби почитувањето на својот син. Па, да се надеваме дека ова е доволно, за да никогаш не му падне на памет да признае што сторил. Во таков случај, неговите закани немаат тежина.

Биди цврста и одлучна. Дај му до знаење дека мора да престане со уцените. Од друга страна, ако навистина мислиш дека ќе му каже, тогаш подобро е да дознае од тебе, одошто таткото. Пробај да му објасниш колку си била повредена поради неговите неверства.“

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно