Мајтап: Типична македонска свадба

06:35 -Невестата стануе узбуџена од спиење мајка и и трпа дијазепамче у уста да се смири, комшиките ѕвонат на врата дојдени за да спремаат руска и кифлички уз мајката на невестата.

07:00 -Невестата оди на фризерај (у фЛизерница), нормално по могучност кај најскапиот фризер и обавезно паѓа некоја фризура од типот на банана, сарма или новогодишна елка.

08:30 -Невестата се враќа од фризерај, долази дома и со комшиките ги вежба уше еднаш сите ора и како да каже у црква – ДА, ГО ЗИМАМ, а притоа на попот да не му паднат перверзни мисли на памет  [🙂]

09:00 -Младоженецот стануе од спиење и обавезно со кумот дрмаат по едно ракииче, а ако е некој мутав седи и дреме, док кумот пие ракија.

10:00 -Невестата се заклучува у соба (по могучност спавацча, или дечја соба нали) и ко трнорушка чека да дојде зетот да ја спаси од аждаите (читај у превод: братучеди, браќа, комшии, комшики, тетки) што стојат на врата и бараат пари од зетот и неговата тајфа ако сакаат да ја земат невестата и да си ја носат при себе  [🙂]

11:00 -Кај младожењата почињаат да стигаат гостите (буквално цела родбина до 6 колено сосе пријателите што ги упознале мајка му и татко му пред 20 години на одмор у врњачка бања и од тогаш не се виделе).

Почиња да се вие коло, да се певаат песни од типот на 4 месеци свадба се спрема, обавезно има некоја тетка од страна на мајка му на младожењата со бркови и недепилирана мишка која е најжива од сите, лупа на дајре ко разулавена и вика ју ју ју, са са! У меѓувреме кај невестава се дешава истото, једина разлика е што невестава запаѓа у трансои у соба закључена док чека у неизвесност (леле абе ќе дое ли овој да ме земе или не).

13:30 -Од кај младожењата се трга по невеста… сите коли се украсени со пешкири, цвече, а кај патриотите и знамиња со лавови, сонца и Александар Македонски.

Обавезно пред куќа док не тргнат по невестава, се собира цело маало (читај: све од женски род и ќоро и сакато од 5 до 95 години, облечено у тренерка и летна влечка, најчесто марка – Лајнарки Чик Куманово, придружена

со вунена чорапа, нормално за да пукнат сеир, да видат кој шо носи, кој со кого ке иде у кола и тако даље и тако ближе). По пат обавезно се свири со аутата ко на утакмица Шкендија-Вардар (едино нема само извици од типот на уа судија).

13:45 Стигаат сватовите кај невестичето… и таму пред куќа е собрано цело маало и се дешава истото како и кај младожењата, само овдека комшиките имаат од Бога поклон да ги видат гостите и од невестинска и од младоженска страна. Се вие коло и се влага дома кај невестулево, а обавезно пред улазак едно моме им кити гранчиња од елка, бор, јавор и рузмарин на сватовите директива на сакич и на кошуља.

14:00 Пајташи од младожењата тргаат накај собчето кај што е закључена невестата и пола саат се расправа со аждаите што ја чуваат (ДАЈТЕ МИ ЈА, НЕ МОЖЕ, ДАЈ ПАРИ, НА ПАРИ, Е НЕ ТОЛКУ ДАЈ УШТЕ, АЈ ОВИЕ ДОСТА СЕ, АЈДЕ ДОБРО ВЛАГАЈ…) и од коа ќе влезат деверот и облака ципела на невестата.

Од коа ќе бидне драмава се влегува у дневна кај што е поставена храната, па таму свекорот и свекрвата и сватот и сваќата кршат леб и у меѓувреме со залак леб док го џвакаат меѓу зуби се бацуваат у уста (и маж со маж) по 3 пати и така се посватуваат. Пак се вијат кола и више време е да се трга у матично.

16:00 -У матично се потпишува завет (смртна казна) дека се зимаат младиве, а тука потпишува кумот и старосватицата, као еве демек им даваме на младиве суппорт да се земат. Од коа ќе се деси свечениот чин… обавезно сите 656 гости се љубат по три пути у образ со младожењата, невестата и сведоците, а најупорните баби директива У УСТА ШЛАПААТ и тоа онака сочно од дно душе и срца, али може да се начука и некој пијан сват кој ке и се џитне на старосватицата.

Обавезително една буцка дели по луѓе грижоте бонбони, или краш бајадери и од време на време си подлапнуе од истите.

На искачање од матично се праи групна фотка као у ДИНАСТИЈА и ти дотрчаваат 4-5 ромчиња што кунат – дај пари жити швалерката… и тука настануе фрка со суеверни жени, одма мислат дека Ромите се видовити па се караат со мужите околу нивниот швалерај.

17:00 Се иде у црква. Се редат сите низ црква, кој до Богоројца, кој до Исус, а младожењата, кумот, невестата и старосватот насреде заедно со поповите.

Тука почињаат да певаат попоиве небаре се на Макфест (све исти шлагери се пеат по свадби – И ТОГАШ ГОСПОД РЕЧЕ, ЗЕМИ ЈА ОВАА ЖЕНИЧКА ДА ТЕ ПРИЧЕСТВУВА И ТОЈ МУ РЕЧЕ ДА, ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ТАКА БИДНА РАЈ АМИИН).

Па се дегустира црвено вино уз леб, па се праат фори (демек попоиве шалајџии) и коа се мењаат круните од глава на глава, увек настануе драмотија прибидејќи невестата и старосватицата не може да си дојдат при себе пошо попот им ја уништил фризурката док им стаал круна на глава. Се фрлаат бомбончичи и ситни пари низ црква док невестата и младожењата три пати кружат околу попоите, верујте у тие моменти најбоље е да се склоните у ќош ако нејќете да се осечате као кога го бомбардираа Перл Харбор.

18:00 -На паркинг пред црква 2-3 жени им ги поправаат фризурите на невестата и старосватицата док овие уште бесно го пцујат попот.

19:00 -Прием у ресторанТ. Пак честитки и три пати цмокси цмокси цмок, примопредаја на поклони, поздрављање со далечна родбина.

20:00 -Играње кола (сите познати и непознати ора од Вардар, па до Триглав за да се запази вкусот на сите гости), пијани женички што цупкаат у место за да не се испотат, пијани женички што најватрено играат узичко коло и 6 напред 3 назад, док цицурајките (шо би рекла баба ни), им рипаат до небо, пишуење музички жељи на салфетка,

фрлање бидермаер (групна тепацка), па љубоморни жени на таа шо го фатила букетот и изјави од типот на – НЕКА МИ ГО ДАЕ МЕНЕ И ОНАКА НЕЈЗЕ НИКОЈ НЕМА ДА ЈА ЗЕМЕ, сечење торта, играње Бечки валцер и пијанчење с- док може да се остане у ресторанот.

02:00 -Свадба је завршила. Сите среќни, весели си одат по дома, освен најпијаните кои продужаваат кај младенциве дома да се дотрескаат.

04:00 -Фајронт… али двајцава млади шо се земаа, од прва брачна ноќ ќе видат… ОД ТРИТЕ ПОДУГАЧКОТО ЌЕ ВИДАТ. ПРАВАЦ УТЕПАНИ У КРЕВЕТ, ЌЕ САЊААТ КРУНИ, ПОПОИ, КОМШИКИ, ХАРМОНИКА, ФРИЗЕР И ТАКО ДАЉЕ!!!

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно