Комити и Чкембари повикуваат на протести за името

Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата…

Ве, повикуваме да ги оставите: вашите клубски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца.

Протестен собир: Собрание на Република Македонија, 20:00 часот.

Нашата револуција нема боја има име, а име и е Македонија!!!

По „Комитите“ и најверните на Пелистер, „Чкембари“ повикаа на протести за името:

„Чкембарите“ преку својот ФБ профил повикаа на протести вечерва во 19. часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Повикот е надпартиски, а единствен интерес е Македонија – велат во објавата на ФБ.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно