Дарко Тасев: Знаевме за проблемите во кои западна Влатко, но мислевме дека е само лоша епизода

Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати песни од Белград. Се подготвувавме за снимање, вели за „Женски Магазин“ познатиот музичар и еден од најблиските соработници на починатиот пејач

Раскажуваат познатиот автор и музичар Дарко Тасев и неговата сопруга, новинарка и активистка во здружението „Борка“, Марија Тасев. Пејачот на „Морал“’ беше нивен семеен пријател. Дарко е автор на аранжманот на првата песна на Илиевски, „Уште си ми ти“, заедно настапуваа, потпиша многу негови хитовски рефрени, а токму тој беше активно вклучен и во создавањето на новиот материјал со кој Влатче требаше да се врати на сцената на голема врата.

-Шокирани сме. Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати слики и песни од Белград. Линкови од Били Ајдол и од „Бон Џови“. Имаше сериозни планови врзани за музиката. Сакаше да се врати со препознатливиот урбан звук, беше уморен со песните да и се додворува на публиката. Последен пат го видов завчера случајно на улица. Изгледаше нормално. Влатче ни беше втор син, го чекавме денес на палачинки – ни раскажа Дарко.

Тој нагласува дека бил професионалец во работата, човек со неверојатна харизма, омилен лик од естрадата на неговиот син Тео.

-Играа видеоигри, со син ми беа неверојатен тандем – дополнува тој.

За немилиот настан утрово со неверување дознала и сопругата на Дарко, Марија. Биле договорени токму денес да им помине на гости.

-Го чекавме да заѕвони, јас веќе како по традиција се подготвував палачинки да вртам. Се слyшнавме пред два дена, ќе остане тајна за што зборувавме. Тео го чека неговиот постар откачен брат. Бони, нашето куче, цел ден чека пред врата и тој плаче како да знае.. Пиевме пиво за ручек и кроемве планови кога да одиме на ќебапи во Вршац. Неговите најголеми љубови ги носеше кај нас дома, сакаше да биде сигурен дека ја бендисал вистинската. Душа од човек, убавец наш. Знаевме за проблемите во кој западна, но бевме убедени дека е тоа само една лоша епизода- ни изјави Марија.

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Прогласени најдобрите албуми во историјата на жанрот

Оваа година се навршуваат 50 години од создавањето на хип-хопот, а популарниот музички портал Consequence of Sound по овој повод ги објави 50-те најдобри хип-хоп албуми на сите времиња.

На врвот на листата се најде современиот класик To Pimp a Butterfly на Кендрик Ламар.

„Кендрик Ламар брзо се етаблира како еден од најважните гласови на својата генерација, со неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly на кој се наоѓа црнечка протестна песна која ги дефинира последниве години – тоа е песната Alright,“ наведено е во објаснувањето за изборот.

„Излегувајќи непосредно пред почетокот на хаотичната кандидатура на Трамп, има моќ да донесе пофалби за доброто што се случува во животoт на црнците, како и незадоволство од системите кои секојдневно ги изневеруваат. Среде демонстрациите кои бараа одговори за Сандра Бланд, Филандо Кастил и разни други полициски убиства, Аllright беше спасот што нè однесе низ тешките времиња – но тоа не ја дискредитира силата на остатокот од албумот,“ го објаснуваат изборот и додаваат: „Секоја генерација има право на свој најголем хип-хоп албум, а овој е наш“.

На второ место се најде легендарниот албум The Miseducation of Lauryn Hill на пејачката Лорин Хил, а потоа следува It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back на пионерите на овој жанр, бендот „Паблик енеми“.

Во првите 10 се Supa Dupa Fly на раперката Миси Елиот, класикот Enter the Wu-Tang (36 Chambers) на бендот „Ву-танг клан“, Stankonia на бендот „Ауткест“, Reasonable Doubt на раперот Џеј Зи, The Low End Theory од A Tribe на бендот „Трајб колд квест“, „2001“ на Др. Дреј и My Beautiful Dark Twisted Fantasy на Канје Вест

Популарно