Силвија Стојановска проговори за врската меѓу нејзината ќерка Ана и Влатко Илиевски

Различен, а едноставен, ѕвезда, а толку достижна, вака би изгледал краткиот опис за прерано починатиот актер и музичар Влатко Илиевски.

За неговата личност, дела, харизма, љубови, анегдоти… вчера на 1ТВ во студиото говореа момците од „Акустик дивижн“ со кој Влатко настапуваше на неговите последни настапи, а соговорничка беше и актерката Силвија Стојановска која го познаваше не само како колега, туку и како пријател, свој и на нејзините ќерки Ана и Јана Стојановски.

Силвија евоцирањето спомени за Влатко со грутка во грлото и солзи во очите, го започна од моментот кога го видела со ќерка си Ана и кога дознала дека се во врска.

Сплет на околности, се запознаа и започнаа детска, емотивна љубовна врска, има 15 години од тогаш. Многу ме потсетуваше на Ана, како нејзина втора половина. Иста коса, очи, насмевки. Влатко беше многу позитивен“, вели таа. „Кога почна да доаѓа во театар, коментарите за него беа овој Влатче многу воспитано дете“.  Влатче знаеше како фурија да се појави и да исчезне, ќе направи убава енергија, ќе ги шармира сите околу него и ќе замине. Ме викаше „мамо“. Не можам да се помирам со тоа дека никогаш повеќе нема да се гушнам“,кажа Силвија пред камерите на 1ТВ.

Иако имале детска љубов како што вели актерката Стојановска, за Влатко и Ана медиумите не престанаа да пишуваат уште многу години подоцна, а осамнуваа и наслови дека Ана му е врежана во срцето на Влатче.

Велат дека поранешните партнери, не можат да останат пријатели, но за нив двајцата не беше така. Често можеше да ги сретнеш низ град заедно или како седнале на пијачка во парк „Кај Вршац“.

Ана и до ден денес не е често активна на социјалните мрежи, но затоа тој постојано знаеше да и поласка со некој коментар и да и покаже дека му значи. За неа пишуваше вака:

Драги пријатели, морам да ви го покажам најубавото нешто, суштество што постои на оваа наша планета земја. Чест ми е што ја познавам лично Ана Стојановска, напиша Влатко на Фејсбук во месец септември минатата година.

Имаше многу девојки, а исто на толку многу им беше симпатија, но никоја не остана запишана како негова сериозна девојка, но често споменуваше и откриваше дека неговата сакана треба да личи на актерката Мила Јовович, моделот Жизел Бундшен, принцезата Дајана и други.

Ацо Пејовиќ се огласи по обвинувањата дека ја изневерува сопругата, вака им ја затвори устата на озборувачите

Пејачот Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

Неодамна почнаа да кружат приказни за неверството на Ацо Пејовиќ, а сега пејачот стави крај на прозивките и истакна дека не му е грижа за нив, бидејќи целосно и е посветен на сопругата.

-Не ме засегаат никакви натписи, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат, рече пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме, рече тој.

Да потсетиме, Билјана и тој се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а тој често истакнува колку го поддржува во животот. Билјана еднаш преживеа трауматично искуство – крварење во мозокот, Ацо остана целосно уништен, но се обиде да ја задржи присебноста и да и помогне на сопругата во најтешкиот период.

-Се трудиме да заборавиме се што ни се случи и да го оставиме на страна. Мојата сопруга сега се чувствува одлично и што е најважно, нема никакви проблеми. Продолжуваме со Божја помош, изјави тогаш Пејовиќ, но признава дека ситуацијата драстично го променила:

„И јас и мојата сопруга се сменивме многу, пред се го поправивме односот кон луѓето и работата и сосема поинаку гледаме на работите околу нас. Сè што и се случи го сфативме како своевидно предупредување да го забавиме и да го промениме нашиот начин на живот“.

Инаку, Билјана е доктор на економски науки.

(Фото) Синот на Дара Бубамара со емотивна објава за мајчинството

Дара Бубамара не крие колку е врзана за синот единец. Таа секогаш јавно зборува за таа поврзаност и љубов, но сега за прв пат се огласи и синот Коста.

Имено, Коста преку социјалните мрежи испрати емотивни зборови на својата мајка, кои Дара веднаш ги сподели со своите следбеници.

„Мајчинство, сета љубов на светот почнува и завршува со него. Мајка ми е најубавата жена, сè што сум сега, ѝ го должам. Целиот свој успех во животот го препишувам на љубовта и поддршката што ја добив од неа. Те сакам мамо“ – пишуваше на фотографијата која Коста ја сподели на својот Инстаграм профил.

Пејачката не криеше колку е горда што единственото дете за неа има само пофални зборови.

-Те сакам сине најмногу на светот, напиша пејачката и додаде срце.

Катарина Живковиќ откри дека е бремена и дека се повлекува од сцената, но една работа ќе остане тајна

Пејачката Катарина Живковиќ ја сподели со јавноста најубавата вест – бремена е.

За јавноста не е познато кој е таткото на детето, иако таа веќе долго време е во врска со човекот кој не сака да го претстави јавно.

-Ова е моето прво и последно огласување на оваа тема. Се повлекувам од јавниот живот. Стравот сè да биде како што треба е поголем од желбата да се фалам пред сите, рече Катарина.

Таа откри дека е во петтиот месец.

-Заслужив да паузирам, ова е благослов од Бога. Го завршив албумот, имав други планови, но овој мал живот е приоритет. Сакав да го кријам мажот и сакам да остане така. Не ми одговара да се знае се. Не сакам да зборувам за приватност, тој не е од јавниот свет, откри пејачката.

Популарно