Манекенката Криси Тиген често отворено зборува за тоа колку многу го поддржува јавното доење, а овој пат таа поддршка ја докажа и со фотографија.
32 годишната манекенка го роди и второто дете, синот Мајлс Теодор, па сега многу често објавува фотографии каде го дои своето дете.
"Луна ме присилува да ја дојам и нејзината кукла, па сега изгледа имам близнаци", истакна манекенката.
Сепак, имаше и такви кои сметаат дека оваа фотографија не е соодветна за социјалните мрежи.
"Не значи дека ако тоа е нормално, дека целиот свет сака да го погледне. Избриши ги сите твои фотографии на кои доиш", напишала една жена.
Инаку, Криси отворено сподели што ѝ се случуваше во текот на двете бремености, па неодамна раскажа како постпородилниот период со синот ѝ бил многу полесен во споредба со оној кога се породила со ќерката Луна.
Истакна дека во текот на двете бремености добила стрии, па докажала дека супермоделите не се имуни на нив.