ФОТО: Општина Прилеп со придружба на полиција наплаќа по 100 денари паркинг на влезот на градот

Сто денари за паркинг се наплќаат на трите влеза на градот Прилеп од страна на општината за манифестацијата Пивофест, објавува а1он.мк.

Во придружба на луѓето кои што наплаќаат паркинг на влезовите на градот стои и полиција.

Вечерва на Пивофест во Прилеп настапува српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.

а1он.мк

Мицкоски: Сега сите пари ќе одат кај Вицето

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео изјава за медиумите изјави дека веќе не се сомнева дека сите пари од државата ќе одат кај Вицето.

Овој негов став е по обелоденувањето на намератапремисерот Зоран Заев да биде и министер за финансии.

Оќоравената војска на Самоил е Македонска!

Актерот Владо Јовановски на својот Фејсбук-профил објави интересен статус во кој го коментира потеклото на истакнати личности од македонската историја, со акцент на царот Самоил.

Цар Самоил имал тројца браќа, Давид, Мојсеј и Арон. Значи, Самоил, Давид, Мојсеј и Арон. Исто како што старозаветниот пророк Мојсеј  имал тројца браќа… Самоил, Давид и Арон. Значи, Мојсеј, Самоил, Давид и Арон. Чудна ‘случајност’!

За Цар Самоил некои велат дека бил Ерменец…Ерменец или Арамеец (народот кој го говорел јазикот што го говорел Христос – Спасителот), јас не знам? Но, сега е полесно… За такви дилеми сега, нека си ја к’цат главата, Ерменците, Арамејците, Бугарите и сите кои претендираат на него, дека е нивни цар. Нивна работа… Нам, пак, лесно ли ни беше, што со векови го славевме како НАШ…?! А? Лесно ли ни беше…?

Единствено нешто во кое скоро сто отсто сум сигурен е дека оќоравената војска на Самоил е македонска! Гарант. Барем за 99 од 100 војници во редот тврдам дека биле Македонци! ‘Пред фактите и вистината и Боговите молчат’!“, пишува Јовановски на Фејсбук.

Од денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, денеска ќе ја соопшти новата одлука за цените на горивата. Минатата недела цените останаа скоро исти, без некоја драстична промена.

Мала промена имаше само „Супер 95“ кој сега се продава по цена од 67 денари, додека „Супер 98“ остана 69 денари за наточен литар гориво.

Останатите нафтени деривати се точат по цени исти како претгодната недела.

Новите цени на нафтените деривати РКЕ ги пресметува по новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите.

Популарно