ФОТО: Колинда направи голема грешка на Мундијалот, цел свет и се смее

Хрватската претседателка Колинда направи мал кикс на Светското Првенство во фудбал поради кој и се смеат сите.

Имено, таа го бакнува трофејот додека од страна и се смее рускиот претседател Владимир Путин. 

Оваа слика направи бум на социјалните мрежи и ја подели хрватската јавност, со оглед на тоа дека Хрватска загуби со 4-2 од Франција која стана нов шампион.

ФОТО: Филип Кузмановски ја запроси девојката Моника

Репрезентативецот Филип Кузмановски повеќе не е ерген. Синоќа неговата девојка Моника Игнова, со која се во врска повеќе од една година му кажа ДА на Филип. 

Бекот наскоро заминува за Германија, но сега заедно со неговата избраничка која инаку е прва братучетка на репрезентативниот колега на Филип, Дејан Манасков.

Со среќа Филип & Моника, убави заеднички моменти во животот и еден куп дечиња.

Конечно тој се враќа во Барса

Според Шпанските медиуми напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се согласил на сите три услови што ги постави Барселона за можно враќање на Камп Ноу.

Ова беа условите кои баше тој да ги прифати: намалување на платата, да се откаже од 26 милиони евра за кои го тужеше клубот и да се извини за грешките при трансферот во Париз. Нејмар е очаен да си замине од Франција бидејќи за двете години таму не му се случи ништо убаво, а имаше проблеми со повреди и суспензии.

Деновиве најверојатно  Барселона и ПСЖ  ќе треба да се договорат околу отштетата, а таа нема да биде помала од 200 милиони евра.

Имаме Европски првак во борење

Нашиот борач Бесар Алили стана европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми,.

Тој успеа  во финалето да го ппобеди противникот од Ерменија, Ховханисјан.

Алили за нијанса беше поуспешен од Ерменецот (7-6), па така го освои златниот медал на Европското првенство до 17 години.

На младиот борец му се предвидува голема кариера, а својот квалитет и потенцијалн го докажа токму со освојувањето на златниот медал.

Популарно