Свекрва со порака до својата снаа: Не заборавај, еден ден и твојот син ќе порасне и ти ќе бидеш на мое место

-Видов многу совети за свекрви, во кои се зборува што смеат, а што не, само да не ја изнервира снаата. Јас се трудам. Но, ако навистина сакаш да се согласуваме, еве ти неколку правила кои треба да ги следиш, на ваков духовит начин една свекрва пишува писмо, упатено до сопствената снаа.

Ако не сметаш дека не сум добредојдена во секој момент, тогаш тоа и немој да ми го кажуваш, па тогаш да се жалиш по Фејсбук како постојано висам кај  тебе и го ставам носот таму каде што не треба. Ако не мислиш секогаш, тогаш повлечи ја рачната пред тоа да го кажеш.

Извини ако не сум сфатила дека порано треба да закажувам термин за да си ги видам внуците. Ако нас тоа ќе ни даде мир, тогаш и така ќе биде. Сфаќам дека доаѓањето без најава е непристоен, но јави ми се кога ти вртам. Не сум некој кој ќе ти прави анкета. Јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца, па најмалку што можеш да сториш е да ми се јавиш кога ќе ти вртам.

Ги обожавам внуците, но не сум 24/7 на располагање. Иако ти не го мислиш тоа, но и јас имам свој живот. Ако сакаш да ги сочувам децата, ќе го сторам тоа од време на време и тоа со полно срце. Но, ќе мораш на време да ме замолиш за да си го организирам времето. Ако сакаш да го почитувам твоето време и простор, истото го сакам и јас за возврат. Но, ветувам дека ќе ти се јавам кога ќе ми вртиш, а не како тебе!

Однесувај се како возрасна личност и не ме озборувај зад грб. Сигурна сум дека моето дете, твојот сопруг не сака да биде помеѓу нас двете. Ако имаш проблем со мене, зборувај со мене, а не со него, а потоа тој да биде посредник.

Пасивната агресија е само агресија и е непријана. Немој да ми зборуваш дека куќата ми е чиста и веднаш отровно да додаваш дека ти сепак сакаш да поминуваш време со своето дете, а не со метла во рака. Ти имаш мали деца, моите пораснаа. Ако мојата куќа е средена, не значи ја те критикувам тебе, ако има играчки на секоја страна.

Немој да ми купуваш облека и украси, ако знаеш дека тие не ми одговараат на мојот стил или пак на мојот ентериер во домот.

Јас одлучувам како ќе си ги трошам сопствените пари. Ако сакам да ги затрупам внуците со подароци, тоа е затоа што можам, што сакам и што тие ми се драги.

Сакам мојот син да биде среќен и да има среќен брак, но имам една веста за тебе: Јас сум мајка и секогаш ќе бидам мајка. Ако бил што ве раздели вас, јас до крајот на животот ќе бидам мајка и секогаш тука за него. Еден ден и твоите деца ќе пораснат, па ќе го сфатиш тоа.

Сфати ли колку сум јас прекрасна мајка? Толку прекрасна, која што го воспита мажот за кој ти се омажи и со кој имаш деца. Можеби не сум во тренд, не читам книги за воспитување на деца и можеби не сум дорасната за твоите стандарди, но сепак јас направив од него да стане еден добар човек. Не мораш да реагираш секогаш кога ќе отворам уста. Извини, ако давам совети, кои не си ги побарала, но јас има години зад себе и искуство, малку повеќе од тебе. Можеби треба понекогаш да ги слушаш.

Знам дека не ми веруваш, но, не пробувам да те контролирам или осудувам. Не. Ок, можеби малку те осудувам. Тоа е посилно од мене, иако се трудам за тоа. Само сакам мојот син и моите внуци да имаат среќен и добар живот. Тој е твој сопруг, но се уште е нечиј син, брат, вујко и татко. Мораш да го делиш, без разлика дали го сакаш тоа или не. Биди дарежлива во тоа, бидејќи и јас сум. Ти изгледа ли сето ова изводливо? Се надевам дека да. Еве, ќе ви ги чувам децата за викенд за да можете да имате повеќе време за себе. Само вети ми дека нема да ме озборуваш цело време зад грб.

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно