Потресна колумна на Весна Петрушевска: „Смртта на една мајка“

Весна Петрушевска на својот портал мојсајт.мк објави колумна која ја напишала во чест на својата прерано почината пријателка. Одличен текст, да читаш „наежен“ да те допре, да осетиш, да те заболи, да те внесе целосно, за жал во ваков текст. Секоја чест Весна!

– Љубов , држење за рака, бескрајни бакнувања во ноќта, трепет на срцето. Знаеш дека ова што ти се случува е тоа вистинското, не ти е важно дали некој се сложува со твојата одлука или не. Започнуваш нов живот и сакаш да се смени се околу тебе. Небото има нова боја за тебе, некако поинаку е отворено. Белина и мир.

Сакаш да бидеш мајка, не поради биолошкиот часовник, туку од своја причина интимна.Сакаш бебе, се случува, споделувањето е чин на среќа. Цел живот си сонувала како тоа дете ќе го пораснеш, ќе му раскажуваш приказни, ќе го шеташ на некоја патека каде има бескрајно зелени, жолти и портокалови цветови. Не престануваш да мечтаеш што се ќе му дадеш на тоа твое неродено дете.Твојот ум врие од возможности на неоткриени љубовни пораки кои сакаш само на тоа дете да му ги пренесеш. Одиш на прегледи редовно, не ни помислуваш дека нешто лошо може да ти се случи тебе и на нероденото дете. Си повторуваш дека се ќе биде во ред , не си ти таа среќа. После секој преглед одиш по продавници за најразни дребулии кои ќе ти требаат кога ќе се роди малото. Смислуваш имиња, се договараш дали е уредно да го носи името на некој од блиските. Ја мантраш онаа нашана стара : “Само да е живо и здраво. ” Не е дека не си помислила дека е возможно животот да го дадеш на породување, но сепак ти тупка во умот дека има добри доктори и иако не си во главниот град, ги знаеш докторите, околностите. Да, да, знаеш дека пред извесно време почина млада мајка и тоа во твојот град, ама тоа нема да ти се случи на тебе. Не смее! Имаш ти своја среќа! Не даваш да те гонат лоши мисли. Одете си, одете си, не ми требате и си го галиш стомачето. Му шепотиш нешто и си потпевнуваш. На лошите мисли се прави марш, марш. Доаѓа денот кој толку многу го чекаше.Не се плашиш од ништо затоа што знаеш дека првата прегратка со детето ќе биде твојата најголема љубов. Одеднаш белина и те снемува. Сите се во тој момент тука, има многу доктори, вресоци кои ти ги бодат ушните тапанчиња, растрчани бели мантили. Се потсмеваш велејќи си, многу си важна што се сите потресени по тебе.

Се обидуваш да им кажеш дека си во ред , не те слушаат. Го гледаш твоето родено дете и ја пружаш раката да го помилуваш, твојата рака не стасува, како да лебдиш над него. Сонувам, сигурно сонувам! Ги довикуваш нивните имиња, ама никој не те слуша. Вресок, уште еден вресок и не те слушаат. Гледаш како околу тебе веќе почнуваат да врзуваат апарати, но ти не си тука. Прават се што е спротивно на твојата волја. Ти сакаш само да го гушнеш детето и не ти даваат! Мора да е некоја грешка. Сакаш да им кажеш дека нешто е згрешено ама не можеш. Паника и страв се повеќе те обзема. Некој да ме го слушне мрдањето со моето мало прсте, некој да ми препознае знак дека имам да кажам и јас нешто. Како е возможно на породување да умрам? Зошто не ми кажаа ако нешто не е во ред? Зошто ми ги изедовте соништата, како лавот пленот? Срам да ви е! Кој ќе му раскажува на моето бебе? Кој ќе му помогне да го направи првиот чекор ? Првата насмевка, првиот збор? Моравте баш толку да чекате за да немам никаква шанса за живот? Каде живеев јас? Сега знам каде живеев.

Во земја каде се е важно освен човекот. Какво ништење на хуманоста, отсуство на емпатијата, изгубена одговорност.

Се однесувате како вам тоа да не ви се случува, нели не може да ви се случи …вие сте богови во бели мантили и се си знаете. Една мала ваша грешка ме однесе мене онаму каде никој не сака да оди. Имав толку многу соништа да споделам . Ми ги земавте како што ми го земавте детето. Носите ли грижа во умот и имате ли потскокнување на срцето ? Мојата смрт ќе биде забележана како статистика и сите ќе го заборават ова за три дена. Јас сакам да оставам во вашите глави крик кој ќе одѕвонува кога ќе се сетите на мене. Сите банални случувања во животот се сведоа на релативизирање на смртта. Мојата смрт е порака до оние кои ги играат упорно улогите на Господ! Сменете го костимот, белите мантили одамна не се скроени за вас. Имав само 31 година!

Посветено на Елизабета која прерано го напушти овој свет!

Извор: Мојсајт.мк/ Весна Петрушевска

ФОТО: Направете професионално белеење на забите во една сеанса

Процесот на белење на забите претставува осветлување на природната боја на забите, па токму затоа денес белењето на забите е тренд. Белата боја на забите естетски многу влијае на убавата насмевка и секогаш асоцира на здрави заби, Водород пероксид (H 2 O 2 ) е активна состојка која најчесто се користи во производите за белење и агенсот се испорачува како водород пероксид или карбамид пероксид. За да може белењето на забите да биде успешно, треба професионално и правилно да се дијагностицира видот, интензитетот и локализацијата за промена на бојата на забите.

Посакуваната белина на забите зависи од времето на изложеност и концентрацијата на избелувачкиот агенс. За таа намена најправилно е да се користат специјални клучеви за боја со кои се мери и одредува бојата на забите пред и по белењето. Овие нијанси ја одредуваат ефективноста на постапката за белење, која може да варира по градација од две до седум нијанси. Резултатите од белењето се квалитетни само со правилен протокол на постапката без притоа да се прескокнуваат фазите на работа. Ефектите може да траат повеќе месеци, но постои опција да варираат во зависност од начинот и темпото на животот на пациентот. Конзумирањето на храна која ги пигментира забите или пак пијалоци кои имаат силна боја може да ја загрозат ефективноста на третманот. Тука влегуваат храна и пијалоци кои содржат танини како што се: густо кафе, темен чај, црвенo винo, кари итн.

Во процедурите за белење по протокол се користи ефикасен заштитен слој кој се нанесува на гингивата (непцата) за да се намали ризикот од хемиски изгореници на меките ткива.

Агенсот за белење е карбамид пероксид, кој се распаѓа во устата за да се формира водород пероксид, или самиот водород пероксид. Гелот за белење обично содржи помеѓу 10% и 44% карбамид пероксид, што е приближно еднакво на концентрација од 3% до 16% водороден пероксид.

Ужас-Мајка ја продала својата 14 годишна ќерка на макроа

Приказна како од пеколот. Мајка ја продала својата 14 годишна ќерка на макроа за да се проституира. Причината била враќање на долгови. Како што објави https://televizijastar.com/, 14-годишна скопјанка три години била во ланецот на присилната проституција. Нејзината биолошка мајка ја продала на макро во Шведска, каде тогаш 11-годишното дете сексуално ги задоволувало своите клиенти. Неа мајка и за 5000 евра. По неколку месеци,  полицијата ја затворена ја нашла во подземни простории по што била екстрадирана во Македонија.

Овде, агонијата на девојчето продолжила бидејки на проституција била приморувана од  сопствената мајка и братот.

„ Секој ден плакав и ги молев повеке да не одам по  хотели во и околу Штип но тие никако не ме разбираа дека неможам. Постојано ме убедуваа  дека  доколку престанам со таа работа за леб ке нема никој во семејството“,  изнело детето  пред надлежните.

Сепак, освен за егзистенција,  со парите од  ноќната работа детето на мајка и  отплаќала и  големи долгови кон лихвари од Штип.   Парите, како што изјавило девојчето, во истиот момент биле предавани на мајка и а често се случувало во раните утрински часови пред вратата да чекаат и лихварите. Во текот на 24 часа  мајката  на детето  заедно со лихварите му обезбедувале од 3-4 клиенти а цената била од 1.000 до 1.500 денари. Воглавно, тоа биле средовечни и постари мажи  на чии имиња   таа не  ги знае но тврдела дека може да ги препознае.

Ужасната приказна  детето ја завршило само откако  решило на робувањето да му стави крај. Случајот самата го пријавила   кај надлежните служби по што таа е сместена во  Центар за згрижување  во Скопје.  Наводите од нејзината изјава се утврдуваат и  претстои истарга  и одговорнсот за сите инволвирани.

Но, како што малолетниката изнела, таа не е единстевниот случај во мрежата на малолетнипката проституција. Случаи како нејзиниот во Штип  имало и други а присилените деца на проституција клиенти пречекувале низ целата држава и надвор, велат нашите добро упатени  извори . 

Се подготвува за 15 минути

Ви претставуваме рецепт  со кој можете лесно и брзо да направите вкусен домашен леб што ќе ве натера да заборавите на продавниците засекогаш.

Потребни состојки за подготовка на овој леб се:

150 грама интегрално брашно 

150 грама бело брашно 

10 грама сув квасец 

180 милилитри минерална вода 

3 лажици маслиново масло 

лажица ленено семе 

лажица сончогледова 

сол Малку 

Начин на подготовка: 

Загрејте ја рерната на 250 степени пред сè. Ставете го белото и интегралното брашно во сад и промешајте. Додадете квасец, сол и семе. Промешајте. 

Ставете минерална вода и три лажици маслиново масло во сувите состојки. Промешајте ги состојките добро додека  смесата не се соедини смесата. Поделете ја на два дела.

Тестото формирајте го во кружни парчиња леб. Ставете го тестото во плех за печење наредени со хартија за печење. Посипете  го со семе. Печете 15 минути додека лебот не добие златеста боја.

Популарно