ФОТО: Кој го возел службениот џип во Грција? Директорот или ќерката?

МВР синоќа соопшти дека возилото „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, кое е во нивна сопственост, било управувано од полициски службеник и со соодветен службен налог.

Како што стои во соопштението, тоа е утврдено во извештајот од Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди по извршените проверки.

- По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година, наведуваат од МВР.

Се најавуваат и дополнителни проверки и преземање соодветни мерки, доколку по утврдување на сите факти се утврдат неправилности.

За возилото марка „Ренџ Ровер Дискавери спорт“, сопственост на МВР, вчера дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција.

Додека Министрството за внатрешни работи го истражува случајот за користење на службено возило во приватни цели, НетПрес од свои извори дознава дека со лускузниот теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” во Грција во моментов на летување е ќерката на висок полициски фунцкионер со нејзините другарки.

Според нашиот извор, станува збор за ќерката на директорот на Бирото за јавна безедност (БЈБ), Лазо Велковски, којашто заедно со уште четири девојки со службеното возило коешто го должи таткото летува во кампот „Евридики“.

Изворите, исто така, наведуваат дека поседуваат фотографии, како и дека можно е џипот да го управувал службен возач од министерството, но и дека девојките можеби самите се возеле до Грција.

Едно од прашањата коишто вчера ги упативме беше: И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото? Од министерството одговорија дека „Возилото (…) е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството“, но не и каде во моментов се наоѓа џипот и кој во моментов се служи со него.

Одговрено, исто така, ни беше дека за користењето на службеното возило ќе бидат известени соодведните органи во структурата на министерството коишто ќе го истражат случајот. Оттаму, се поставува прашањето како е можно МВР да не знае каде во моментов се наоѓа неговото службено возило и кој го должи, особено што станува збор, според нашите извори за еден од највисоките по ранг полициски функционери. Така, утре, недај боже, некој ќе се осмели за приватни цели да си „позајми“ оклопно возило од ресурсите на полицијата.“

Се одбележува Денот на планетата Земја

Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата.

Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и активистот Денис Хејс. За време на првите демонстрации, повеќе од 20 милиони луѓе излегоа на улиците на САД.

Според меѓународната организација „Ден на планетата Земја“, годинава главна тема е борбата против пластиката под наслов „Планетата против пластиката“.

Иницијаторите, инаку, дошле на замислата за организирање „Ден на планетата Земја“ кога светот ја виде штетата од излевањето на 11 милиони литри нафта во Тихиот океан, што се случило како последица на несреќа при работа на нафтена платформа близу Санта Барбара, Калифорнија, САД.

Денот на планетата Земја ширум светот се одбележува со бројни акции, како што се собирање ѓубре, садење дрвја, протести за борба против климатските промени, едукативни работилници итн.

Утре влажен бран со силен ветер и врнежи над 20 литри на метар квадратен

УХМР информира дека утре, под влијание на влажен бран, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен, поројни и проследени со грмежи и засилен ветер и над 60 километри на час. Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.

Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Од полноќ започнува изборниот молк

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април.

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори, информираат од Агенцијата за аудио и адиуовизуелни медиумски услуги.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со, или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

Популарно