Голема Албанија значи војна со Србија, Црна Гора, Македонија, можеби и Грција

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, идеја која според него, е најопасна на Балканот.

– Сметам дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, најопасна политичка идеја на просторот на Балканот. „Голема Албанија“ значи војна и тоа не само војна со Србија и со Србите, туку палење на Црна Гора, Македонија, можеби и Грција и сигурно Србија. Сакате да ја запреме или не сакате или да почекаме на некој поинаков распоред на ѕвездите и силите, запраша Вулин.

Во изјава за Телевизија Хепи тој рече дека за прашањето за разграничување ништо не е договорено, бидејќи најголемите сили се против тоа, за што според него,сведочи и изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Тие сакаат независно и цело Косово, изјави Вулин.

Според него, најголемите светски сили сакаат да ја оправдааат 1999 година бидејќи разграничувањето би значело дека агресијата на НАТО не била според закони и дека на тој начин признаваат дека тие напади биле акт нанасилство, правно и секое друго.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно