Каролина Гочева на својот инстаграм профил сподели фотографија од свадбата на својата блиска пријателка Ана Шутиноска, водителка и новинар од „Антена 5“ радио, чија кума е. Ана сношти се омажи за Гордан Лазаревски, стоматолог од Скопје.
Каролина и Весна Бејби, сношти на свадбата на Ана и на Гордан
Тој и сопругот на Каролина, уметникот Михаил Корубин се долгогодишни пријатели.
„ Гордан и Михаил се блиски другари уште од деца, а Каролина е моја драга пријателка и соработничка, и мило ми е што тие ни се кумови“, изјави Ана Шутиноска пред свадбата.
Невестата носеше уникатна креација, место класичен невестински фустан, таа избра бели пантолони. Од свадбата, слики сподели и Петар Ѓошев, поранешен водител од „Метрополис“ радио, кој за свадбата на колешката дојде од Амстердам, како и актерката Весна Бејби Петрушевска. Ана и Весна се пријателки уште од времето кога соработуваа во нејзината авторска емисија „Вртелешка“. Една сезона, емисијата ја водеа Ана и Петар Ѓошев.
Каролина и Корубин, заедно со младенците Ана и со Гордан беа на заеднички одмор летово на грчкиот остров Миконос, а заедно го следеа и концертот на Цукеро, во јули во Охрид.