Денеска започнува Лига на шампиони во фудбал

Денеска започнува “новиот изглед“ на најдоброто клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Новитетите во сезоната треба да го направат турнирот уште поинтересен, а сите гиганти се обидуваат да стават крај на доминацијата на Реал Мадрид, кој три години во низа се искачува на врвот.

Почетокот ќе биде најавен со првите мечеви од 18:55 часот, а ќе биде заокружен со преостанатите дуели од 21:00 часот. Терминот од 20:45 часот заминува во историја, бидејќи УЕФА одлучи да направи поделба на која најмногу ќе и се израдуваат љубителите на фудбалот ширум светот.

Со новите правила, клубовите ќе имаат право на четврта замена при евентуални продолженија во нокаут фазата и ќе имаат можност да користат електронски уреди и да комуницираат со секој член на тимот кој се наоѓа на трибините. Најголемата промена носи опцијата клубовите да користат фудбалери со кои се засилиле во јануари, а тие имале запишан настап во Лигата на шампионите во дресот на другата екипа. УЕФА конечно стави крај на ограничувањето за кое постоеше незадоволство години наназад.

За неколку сезони се очекува примена и на новата ВАР технологија, која е доста популарна меѓу големите клубови, кои итно бараат истата да се воведе што поскоро со цел да се избегнат грешки и лоши сценарија.

Утрешната програма ќе биде отворена со натпреварите Интер - Тотенхем и Барселона - ПСВ Ајндховен.

За титулата ќе се натпреваруваат 32 екипи распоредени во 8 групи. Вкупната вредност на екипте е околу 14 милјарди евра однсоно 13.816.200.000 евра. Најскапа е Барселона со 1.14 милјарди евра, следува Manchester City со 969 милиони евра. Клубови со најмала вредност се Црвена Звезда со 43.9 милиони евра, Аек  38.4 милиони евра и Чешката Viktoria со 30.35 милиони евра.

Почина освојувачот на првиот ракометен Куп на Македонија!

На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации. 

Дејан Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина (Југославија).

Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во Куманово и Работнички од Скопје со кој неколку сезони играл во најдобрата прва Југословенска лига.

Се образува на Вишата Фискултурна школа во Скопје каде е дел од првата генерација, а високото образование го завршува на Факултетот за Физичка Култура во Сараево. 

Тренерската кариера Дејан Мариќ ја започнува 1959 во Куманово, каде е и еден од основачите на клубот, а ги тренирал и  Работнички, Борац Урошевац, Божур Гњилање, Кале Скопје, Мајданпек Србија, Крива Паланка, Шевро Куманово...

Професор во Градежно-Машински Училишен Центар (ГМЦУ) во Скопје, како и во Средното музичко училиште Илија Николовски-Луј, каде што и се пензионира.

Бил тренер на многу прволигашки играчи во Југославија и Македонија, како и репрезентативци на двете држави кои оставиле траг на ракометот на овие простори меѓу кои:  Љубимир Савевски, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Драган Маринковиќ, Ацо Станковски, Панче Брдаров, Савчиќ, Меѓедовиќ, Томовиќ, Вучковиќ, Речица...

Во 1993 година како тренер на Шевро Куманово го освојува првиот ракометен куп на независна Република Македонија.. Во финалето Куманово го совладува тимот на Металург од Скопје.

Последните години од својот живот ги поминува во Куманово, каде е и погребан на градските гробишта. 

Слава му

Собери екипа и испробај се против најдобрите баскетџии во Македонија!

Додека во светот од година во година 3x3 баскетот добива се поголема популарност, во Македонија овој спорт е сеуште во зачеток. Здружението Звукот на мрежата или Sound of the net, се основа во 2023 година токму поради потребата да се рашири овој спорт во државава и да осетат македонските баскетџии што е прав машки баскет.

ФИБА правилата се разликуваат од обичниот маалски баскет, нападот трае 12 секунди, на секој даден кош се менува посед и мора да се извади топката надвор од тројка, дозволена е погруба игра во одбрана од кошарката. Натпреварот трае 10 минути, а завршува кога една екипа ќе стигне до 21 или ќе истече времето.

Следниот турнир е оваа Сабота (24.02.2021), додека наредните турнири ќе бидат на 03.03.204 во Битола, по што ќе следат два во Скопје и финалниот турнир на одлична локација во текот на Мај! Пријавувањето на турнирите можете дирекно да го направите дирекно на сајтот на 3x3 ФИБА или на еден од профилите на социјалните мрежи facebook: https://www.facebook.com/thesoundofthenet

Или инстаграм https://www.instagram.com/thesoundofthenet/

Пријавување на ФИБА: https://play.fiba3x3.com/events/8bb4ef56-cd4d-471e-a903-42398c2c473d?fbclid=IwAR2dPikv0HSMi182WniDHTJq3GNpwpQ4s4idmOwIzX1_WqtPDCOW9-QXC-E

На овие турнири нема лимит кој може да се пријави. Пријавете ја вашата екипа или дојдете на турнирите да го бодрите вашиот тим и да уживате во одичен баскет.

До сега Звукот на мрежата учествуваше во организаијата на 10 турнири кои се играат по официјалните правила на ФИБА. Баскетот 3х3 од неодамна е олимписки спорт, има официјални ФИБА судии, а секој од настаните се со пренос во живо на YouTube и одлична музика.

Оваа година со помош на Општина Ѓорче Петров оваа организација организира зимска лига турнири, со околу 6 квалификациони турнири од кои секој со награден фонт од околу 250 евра, и еден главен со награден фонд од 800 евра.

До сега се одржаа два турнири, на кој настапија екипи од цела Македонија, како и гости од Србија. На првиот турнир одржан на 11 Јануари, победи екипата на Brotherhood од Скопје, втора заврши екипата на La Taqueria од Србија, додека вториот го освои екипата на 3x3 Битола а втора заврши екипата на SolutionX3.

“Ние како организација имаме голема љубов и страст кон овој спорт, и после неколку години играјќи во странство на вакви турнири, решивме да пробаме да ја промениме состојбата кај нас и да го одржаваме и промовираме овој прекрасен спорт” - изјави претседателот Борисовски.

Ибрахимовиќ го договрил Конте да седне на клупата кај Милан

Поранешниот шведски фудбалски интернационалец со богата трофејна играчка кариера Златан Ибрахимовиќ според медиумите во Италија завршил работа со тренерот Антонио Конте на крајот од сезоната да ја преземе екипата на Милан.

Рокадата на тренерското столче кај „росонерите“ се актуелизира по разочарувачките резултати на тимот под палката на тренерот Стефано Пиоли. Конте кој претходно ги има предводено лутите ривали на Милан во Серија А, тимовите на Интер и Јувентус, според „Ибра-гол“ би требало да биде стратегот кој ќе ги врати „росонерите“ на врвот во Серија А.

Покрај трофејните италијански калчолигаши Конте ги предводеше и англиските премиерлигаши Челзи и Тотенхем. Милан сезонава ја губи трката за скудетото токму со Интер и Јувентус.

Популарно