Големиот јубилеј – 20 години од основањето на компанијата, Google одлучи да го прослави на носталгичен начин.
Компанијата се сеќава на времињата кога Сергеј Брин и Лери Пејџ во мала гаража во местото Менло Парк ја создадоа првата верзија на Google и ја основаа компанијата која 2 децении подоцна ќе прерасне во најголемиот и најмоќен технолошки-интернет гигант на светот.
Сите кои што сакаат да видат како сето тоа изгледало во 1998-ма година, можат едноставно да „прошетаат“ низ гаражата благодарение на Google Street View.
Така ќе ги видите старите компјутери со оригиналното лого на Google, најразлични работи како и во секоја друга гаража, но и натписот „Светското седиште на Google“.