Сопругата на Тачи во врска со претседателот на парламентот, Весели

Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели и претседателот на Косово, Хашим Таќи одамна гаат омраза еѓу себе. Причината за оваа омраза не е политичка, туку поради една жена. И тоа, сопругата на Тач - Љумнија Тачи.

Целата приказна започнала кога медиумите објавиле дека Весељи фрлил око на атрактивната Љумнија, а и дека ниту таа не останала должна.

Овие сознанија ги потврдува и Курир.рс, повикувајќи се на нивен долгогодишен соработник Божидар Спасиќ.

За Љумнија претходно се зборувало дека го изневерува Хашим со британски офицер од редовите на КФОР. Но, сè било брзо заташкано, и таа му се вратила на Тачи, а Британцот бил суспендиран. Наводно Љумнија, заедно со својата сестра, учествуваа во баханалии со офицерите на КФОР, па ја фатиле. Тачи брзо го негирал тоа, тврдејќи дека само сестрата на неговата сопруга била вклучена во овие баханалии“ – тврди за српски „Курир“ нивниот соговорник, инаку долгогодишен разузнувач Божидар Спасиќ.

Но, и Тачи не и останал покус, па наводно влетал во врска со косовската амбасадорка во САД.

Дали е ова вистински секс скандал кој јсериозно ќе ја раздрма Приштина, или само медиумски спин на српската политика како одмазда за Газивода, очекуваме да дознаеме набргу.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно