„Треба да изберам меѓу тебе, татко ми и брат ми“

Пејачката Аделина Тахири неодамна се оствари во улога на мајка, за која вели дека е најубавото искуство за неа. 

Во интервју за „7дена,.мк“ таа прозобри за породувањето и откри кој се одлучил за името на синот.

„Идејата за ова име е заедничка, така сакавме и јас и Јоже, мојот сопруг. Јон пред се е библиско име. Мене тоа не ми пречи, иако сум муслиманка. Освен тоа Јонското море го има и во Албанија и во Грција а Јоже е Егеец од Костур. Јонското Море ги поврзува двете држави. Сакавме кратко име, име кое одговара на презимето Марков, е само тоа е причината, без никаква предрасуда. Јон личи на мајка му, искрено јас кога сум била мала сум била многу црна иста како него“, кажа Аделина во интервјуто.

Аделина открила и како се развивала врска со нејзиниот сопруг Јоже и како тоа го прифатило нејзиното семејство, бидејќи станува збор за различно националности.

„Љубовта меѓу нас се роди без јас да знам дека сум вљубена. Јоже ми беше многу добар пријател. Тој ме молеше година и пол да одиме на кафе. Не дека  јас се занесував,  меѓутоа таква беше состојбата. Јас имав обврски и некако немав време а и причина за да се запознам со него.  Но, наш заеднички другар инсистираше да се запознаеме. Јас му реков- само што излегов од врска и немам потреба да се запознавам со никој. Но, тој ми рече дека не станува збор за запознавање за  врска, туку да се запознаете за пријателство. Ми рече: „ Јоже е адвокат а ти си заштитно лице на фирми и ти треба совет“.  После година и пол инсистирање се договоривме да се видиме.  Го гледам фин човек. Не очекував  дека ќе биде таков. Очекував адвокат со актовка и очила.  Ми рече дека со нашето запознавање нема никакви задни намери. „ Да, ти си убава, мажите тешко би одолеале  ама знам дека јас и ти сме сосема различни. Затоа сакам само пријателство и да ти се најдам ако затреба“, ете тоа ми го рече на првата средба. И така продолжи нашето пријателство. Така се дружевме уште година и пол. Јас не бев свесна дека сум вљубена во него. Тоа ќе ви го потврдат и моите дома. Јас  цело време дома сум зборувала за него дека е многу паметен и дека ме советува за се. Секој втор ден  се гледавме и ми беше убаво бидејќи беше различен од сите други  мажи. Не ми се додворуваше, многу беше искрен и ми беше навистина многу пријатно во негово друштво. Беше информиран за се околу мене. Со него можев да разговарам за гардероба, за кариера, за  било што. Ме врза за себе без јас да забележам. Помина долг период  на дружење кога тој ме седна и ми кажа дека е вљубен во мене. Јас  бев шокирана бидејќи несвесно истото и кај мене се случуваше. Пред да ми ја признае љубовта бевме во Виена. Ме покани да му бидам гостинка а јас заминав со другарка. Јас  знаев дека Јоже е адвокат, но не знаев ништо повеќе. Не го знаев неговиот успех.  Не смести со другарка ми во хотел а тој беше на друго место. Јас до тогаш со него сум се гледала на еден до два часа дневно, но тогаш беше поинаку. Ние веќе имавме знаци на симпатија, но не ми се додворуваше.  Иако од женски аспект  ми беше чудно што не ми се додворува,  бидејќи и јас имав чувства кон него . После Виена кога се вративме во Скопје излеговме на кафе и дури тогаш призна дека и тој е вљубен во мене. Јас тогаш станав свесна на се и му реков: Јоже, јас треба да избирам меѓу тебе и татко ми и брат ми. Тие нема да прифатат. Тој, пак, ми рече- Аделина, животот е многу краток и треба да го правиш тоа што ти го чувствуваш.  Секако, одлучив да бидам со него. Зошто треба да имам предрасуди?  Зошто треба да живеам за туѓи животи? Секако дека  треба да живеам за себе.  Моите многу добро го прифатија и тој и татко ми сега се многу блиски.  Јас навистина сум многу среќна жена“, рече Аделина..

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

(Фото) Вака изгледа љубовницата со која живее 15 години двоен живот

Разводот на Џенан Лончаревиќ стана главна тема во медиумите, а сите дополнително се изненадени што пејачот решил да се разведе дури сега, со оглед на тоа што веќе 15 години живее со извесна љубовница Милица во Белград.

И додека неговата законска сопруга Самира Лончаревиќ изминативе денови се огласи во медиумите, невенчаната сопруга на Џенан со која живее и понатаму молчи.

Таа сега е снимена како го чека пејачот пред зграда кога тој се враќаше од настап, а со оглед на тоа што го „улови“ екипата на „Папарацо Лов“, сите имаа можност да ја видат на малите екрани.

Избраничката на Џенан на прв поглед не наликува на неговата сопруга со која е во брак 25 години. А сопругата на Џенан во исповед за медиумите последниве денови изјави дека се плаши да остане на улица:

– Во сето ова барам само да се почитува законот, не барам ништо повеќе. Впрочем, јас сум вработен во тој суд, ја водам кривичната канцеларија и знам како оди се. Барам да се закажат предметите пред мене, ако се итни тогаш моите нека бидат пред сите останати. Дали ќе биде утре, задутре или за еден месец, се додека го следи законот ќе биде во ред. Таа и нејзиниот адвокатски тим сега апелираат од сите страни да се забрза процесот за развод – изјави Самира.

– Најголем проблем е имотот, доживеав дека после 25 години брак сакаат да ме исфрлат од дома. Веднаш би го потпишал барањето за развод, веднаш, но проблемот е имотот, бидејќи се што купил е ставено на име на мајка му. Сега купил стан во Белград на име на таа жена, го ставил на нејзино име да не можам да добијам ништо. Тоа е проблемот – изјавила законската сопруга на Џенан, со која има два сина. Таа вели дека не се грижи за себе, но се грижи за децата.

– Нормално, никогаш не би си дозволила да разговарам со новинари доколку го немав овој проблем и сега немав каде да одам. Куќата во која живееме е половина негова, половина на брат му, а всушност по 25 години брак четвртина од куќата ми припаѓа мене затоа што се останато што го стекнал е ставено на туѓи имиња. Немам друг избор освен да се борам да им обезбедам на моите деца кои немаат ништо на нивно име – истакнува оваа жена и додава:

– Имам за себе, имам плата и би се снашла, но сакам да им обезбедам денес, утре, ако се случи нешто, што би направиле? Има добар однос со децата. Децата многу го сакаат. Доаѓа еднаш на 15 дена и тогаш ги гледа. Кога доаѓа во Пријепоље, останува во истата куќа каде што сум и јас, но не комуницираме. Нашата врска е нарушена. Нашите адвокати се слушаат, не сме разговарале од летото минатата година. Во февруари добив барање за развод – заклучи Самира Лончаревиќ.

И додека Самира реши да зборува, Џенан нема намера да зборува, туку својата ситуација целосно ја препушта на судот.

(Фото) Мили отвори клуб за свој мерак - Композиторот сам пушташе музика

Aлександар Милиќ Мили со години важи за хитмејкер, поради што е и еден од најпознатите и најуспешните композитори во регионот.

Меѓутоа, Мили ужива и во улогата на диџеј, а доказ за тоа е и „приказната“ кој ја објави на Инстаграм.

Имено, композиторот импровизирал „клуб“ со пријателите дома, во кој приспособил се – од светлата до озвучување.

Му пушташе музика на „гостин“, т.е. на пријател со кој очигледно одлично се забавуваа.

Популарно