Пукотници на границата со Грција

Околу 19.30 часот вчера попладне  во близина на граничниот премин Богородица – Евзони помеѓу Р.Македонија и Р.Грција дошло до краток инцидент во кој припадници на АРМ истрелале неколку рафали во воздух, во обид да одвратат поголема група на нелегални мигранти да влезат на Македонска територија. Како што се дознава, при редовна патрола на АРМ на граничната линија со Р.Грција, во близина на мигрантскиот камп кај Гевгелија дошло до помал инцидент во кој војниците на АРМ биле приморани да отворат оган во воздух, за да одвратат поголема група на мигранти да влезат на македонска територија.

Застрелан познат пејач, докторите се борат за неговиот живот

Познатиот француски пејач Кенџи Жирак (27) бил застрелан во градите, по што бил сместен на одделението за интензивна нега.

Престрелката се случила во Бордо. Пејачот моментално се бори за живот во Универзитетската болница во Бордо, јавуваат странските медиуми.

Нападот се случи рано утринава за време на неговата посета на туристички камп во блискиот Бискарош.

-Беше во кампот за патници каде беше ранет од огнено оружје – рекол изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часа и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

-Во меѓувреме, итните служби згрижија тешко ранет маж кој беше застрелан во градниот кош и итно беше пренесен во болница – додава упатениот. Откако беше потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „Глас во 2014 година, беше објавено дека животот на пејачот е во опасност.

Жирак е татко на едно дете. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција.

Тој често зборувал за тоа како растел во карван и како работел физички работи откако го напуштил училиштето на 16 години, пишува Дејли Мејл.

Приведен ученикот што претепа наставничка и нападна соученици

Полициски службеници го лишиле од слобода ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари. 

Популарно