Сончево време со по некој облак

Денеска е петок, 12 октомври 2018 година, 285-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 80 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 17 часот и 59 минути.

Денов трае 11 часа и 18 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот, а ќе зајде во 20 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до шест степени, а дневната до 25 степени. 

Сончево и топло со слаб ветер од јужен правец

Во текот на денешниот ден не очекува   сончево и топло време со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал  помеѓу 1 и 10, а  дневната ќе биде во интервал  од 22 до 31 степени.Во Скопје утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната температура до 30 степени.

Попоски со ексклузивни инмформации: Индијанското лето во Македонија ќе трае подолго

Под влијание на МНОГУ ТОПЛА ВОЗДУШНА маса за овој дел од годината и која продира од југ и во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со сосема мала локална облачност.

Поради позиразеното јужно и југозападно струење на висина во воздухот ќе бид еприсутна Сахарска прашина и песок. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени додека во најтоплите региони истите има услови да се искачат до околу 31 степен.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Оние најхрабрите лубители на летото во најтоплиот дел од денот би можеле да се освежат во реките и во езерата низ државава кога температурите на воздухот се навистина високи.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Попоски: Дали снегот ќе ни пристигне порано

Оваа сезона првиот снег можно е да пристигне порано на пониските места судејќи барем според моменталните анализи и развој на временската состојба.

Ноември месец за разлика од минатите години прогностичките модели за оваа година укажуваат на тоа дека ќе биде малку постуден од вообичаеното со просечно количество на врнежи иако истите има некои услови да останат и малку под просекот за тој месец.

Сепак не се исклучува можноста и за поизразени циклонски системи и повремено поинтензивни врнежи.

Инаку за во наредните денови како што веќе најавивме продолжува сушниот период кај нас со многу високи температури на воздухот за овој дел од годината.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ ТУКА.

Популарно