Тероризира, тепа, упаѓа во домови, краде и киднапира

Докторот Радосав Милутиновиќ завчера попладнето во неговиот стан покрај амбулантата, во селото Бадовинци, бил ограбен откако А.Г. му се заканил со нож, кој само 4 дена пред инцидентот токму поради разбојништво бил во затвор, а полицијата повторно трага поп него.

Имено, околу 16 часот, докторот кој работел втора смена, бил во својот стан, додека во амбуланатата била неговата колешка. Слушнал бука како некој да го скршил стаклото.

-Веднаш го препознав, бидејќи не беше маскиран. Беше вооружен со нож, избезумен. Видов дека не е при себе, најверојатно затоа што беше дрогиран. Реков дека се ќе му дадам, и дека и претходно сум му давал лекови. Го зема паричникот и сите пари, мојот мобилен телефон - кажал докторот.

-Мештаните се згрозени од овој напад, бидејќи јас важам за доктор кој го почитуваат, ценат и коментарот за инцидентот им беше „па зарем и него“? Повторувам дека сум добро, но сакам разбоиникот да го стигне правдата. Исто така се надевам дека ќе биде осуден на подлг временски период или испратен на лекување, бидејќи е наркоман кој го тероризира целото село, а јас сум последната жртва во низата - напоменува доикторот Милутиновиќ.

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија, објави СДК.мк.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

НЕ БЕШЕ ЛЕСНО ДА СЕ ПРЕНЕСАТ МУАБЕТИТЕ НА ЏАРО НА ХАРТИЈА, РЕЧЕ МИЛИЦА ЏАРОВСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА ЗА ТАТКО Ѝ „ЖИВОТ НА КОЦКА“

„Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро знаат само по превари и местење утакмици. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Ги донел најголемите балкански ѕвезди да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече актерот Игор Џамбазов на ланската промоција на книгата „Џаро – живот на коцка“.

Позната одбојкарка си го одзеде животот на 21 година

Руската репрезентативка во одбојка на плажа, Арина Михаилина (21), си го одзеде животот, јавуваат руските медиуми.

Медиумите јавуваат дека Арина на 21 април паднала од 16-ти кат во студентскиот дом на Московскиот енергетски институт „Синичка“.

Нејзиниот тренер Наталија Урјадова потврди дека Арина се самоубила поради раскинување со нејзиното момче.

„Се испостави дека раскинале истиот ден, на денот на трагедијата. Разговарале, раскинале поради некоја причина и судејќи по она што го прочитал или слушнал на телефон, сметал дека е потребно да повика брза помош. “, рече Урјадова.

За време на нејзината преписка со Арина, на нејзиното момче му се чинеше дека таа се збогува со него. Тој повикал брза помош, а потоа отишол во студентскиот дом. Докторите кои пристигнале на повик ја прегледале Михајлина, но не наоѓајќи причина за загриженост, си заминале. После тоа девојката се качила на 16-ти кат и скокнала.

Таа за чудо го преживеала падот, но починала веднаш откако била примена во болница.

Популарно