Поради овие 4 работи сексот во триесеттите е поразличен

Запознаените со ситуацијата, велат дека сексот во триесеттите станува подобар и повозбудлив поради стекнатото искуство, но човечката природа носи одредени промени кои се појавуваат со текот на годините.

Некој можеби мисли дека сексот останува ист се` до длабока старост, но нашето тело е сложен механизам – како што е и нашата глава. Од тинејџерските години, па се` до средина на 20-тите години, телото е под дејство на силна количина полови хормони, па повеќето луѓе секогаш се подготвени за секс.

Најчестиот проблем на младите мажи се предвремена ејакулација, додека кај жените се потешкотии со доживување на оргазам. Со влегувањето во 30-тите години работите се менуваат, а таа промена не мора да значи дека е на подобро – едноставно мора да и` се прилагодите.

1. Потребно е подолго време за возбуда, а со самото тоа и за оргазам 

Со оглед на тоа што нивото на полови хормони во телото е пониско, очекувано е возбудувањето да трае подолго од неколку секунди. Иако сексуалната стимулација доаѓа до мозокот, потребни се барем 5 до 10 минути за телото да се доведе до состојба на вистинска возбуда. Поради тоа, секако е подобро предиграта да трае подолго, а ова е добра вест за сите оние кои се жалат дека нивната предигра трае многу кратко.

2. Оргазмот е почест 

Ова првенствено се однесува на жените, кои почесто се задоволни од својот сексуален живот во 30-тите, отколку во 20-тите години. Причината на повеќе и почести оргазми е подоброто познавање на сопственото тело и поголемата самодоверба која овозможува и подобра комуникација со партнерот во креветот. Така, неодамнешна студија на магазинот „Топ Санте“ покажала дека 80 отсто од жените во четириесеттите години се поактивни во сексот, отколку во дваесеттите години.

3. Хормоните влијаат на гениталиите 

Влијанието на хормоните, животниот стил, контрацепцијата и различни нарушувања поврзани со болести на тироидната жлезда, уморот, депресијата и стресот имаат големо влијание врз сексуалниот живот. Имено, жените во 30-тите години поради овие пречки можат да искусат потешко навлажнување, што не е нешто за загрижување, туку треба да се побараат причините и да се олесни сексот со подолга предигра и лубриканти. Мажите можат да искусат слична работа, можат да имаат послаби ерекции и вкупно помалку ерекции, што може да биде последица на уринарни инфекции, стрес и хормони.

4. Сексот е поредок, но повеќе се цени 

Факт е дека луѓето поретко имаат секс кога се во триесеттите години, но тоа не мора да биде ништо лошо, бидејќи е последица на обврските, родителството и хормоналните промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека повеќе од 70 отсто од мажите и жените сметаат дека сексуалниот живот им станал поквалитетен, сексот не се „одработува“ туку повеќе се ужива во него, како и дека во него се внесуваат повеќе емоции.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно