Видео: Повредена патничка падна од носилка!

Во целиот xaocoт кој се предизвика по објавувањето на стpaшнaтa вест, забележувајќи ги херојските дела на мештаните, лекарите, пoжapникapите и сите вклучени во процесот на спасување на нacтpaдaнитe, изземен беше еден детал кој во ситуација како онаа со автобуската нecпpeќа би можело да значи разлика помеѓу живот или cмpт

Брзајќи да ја внесат повредената патничка во aмбулaнтнoтo возило, на бoлничapтe им падна нocилкaтa во која беше легната една од пoвpeдeнитe жени, очигледно нecвecнa по нecpeќaта.

Се обидовме да добиеме одговор дали госпоѓата е во ред, но надлежните ја немаа видено снимката и не знаат за кој патник точно станува збор.

Одговорност, нема.

Жена падна од носилката, одговорност?

Жена падна од носилката, одговорност?

Posted by infomax.mk on Петок, 15 февруари 2019

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Граѓаните гласаат за седми претседател на државата

Во земјава денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати.

На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во Избирачкиот список за Претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица.

Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Овие избори се карактеристични по тоа што првпат од независноста имаме толку многу кандидати за претседател, изборите се одржуваат во среда, а идентификацијата ќе се врши со фингерпринт апарати. Уникатно е и тоа што кампањата и молкот за претседателските избори се преклопија со кампањата за парламентарните избори на 8 мај.  

Претседателските избори, според ДИК, ќе ги следат вкупно 1601 набљудувач, од кои 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.

По пребројувањето на гласовите, избирачките одбори се должни записниците и другиот изборен материјал да ги достават до општинските изборни органи во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Од преброени гласови од 3.023 од вкупно 3.480  гласачки места, или околу 87 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,27 отсто од гласовите.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Северна Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.

Вториот круг за пртседателските избори треба да се одржи на 8 мај заедно со изборите за пратеници во Собранието.

Застрелан познат пејач, докторите се борат за неговиот живот

Познатиот француски пејач Кенџи Жирак (27) бил застрелан во градите, по што бил сместен на одделението за интензивна нега.

Престрелката се случила во Бордо. Пејачот моментално се бори за живот во Универзитетската болница во Бордо, јавуваат странските медиуми.

Нападот се случи рано утринава за време на неговата посета на туристички камп во блискиот Бискарош.

-Беше во кампот за патници каде беше ранет од огнено оружје – рекол изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часа и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

-Во меѓувреме, итните служби згрижија тешко ранет маж кој беше застрелан во градниот кош и итно беше пренесен во болница – додава упатениот. Откако беше потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „Глас во 2014 година, беше објавено дека животот на пејачот е во опасност.

Жирак е татко на едно дете. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција.

Тој често зборувал за тоа како растел во карван и како работел физички работи откако го напуштил училиштето на 16 години, пишува Дејли Мејл.

Популарно