Напиток кој го закрепнува целиот организам

Ви препорачуваме  да пробате мешавина од цвекло и морков, а ако ви станува мака уште на самата помисла на оваа комбинација, не сте единствени.

Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите оние кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лекување на карциномите. Иако сите велат дека има грозен вкус, никој сепак не престанал да го пие бидејќи резултатите се фантастични.

Токму затоа велат дека овој сок буквално „подига од мртвите“ – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.

Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој домашен сок е она што ви е потребно.

Се подготвува многу едноставно:

Состојки:

– 1 кг цвекло

– 1 лимон

– 1/2 кг моркови

– 3 портокали

– 3 јаболки

– 1 килограм мед

Подготовка:

Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвена боја, кој потоа може да го распределите во шишиња или тегли, внимавајте тоа да не бидат пластични садови. Смесата би требало да ја чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати доколку го консумирате наутро, на празен желудник и доволно е само половина чаша.

А ако го пиете овој сок секој ден, веќе за десетина дена ќе почувствувате неверојатни промени, пред се кога се работи за вашата енергија, но и вашето расположение.

Прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава

Комисијата за заразни болести донесе заклучок да биде прогласена епидемија на мали сипаници на територија на целата држава, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

– Една од мерките е забраната за посета на градинките, втората мерка која е предложена е да се намали возраста за вакцинирање од 12 месеци на шест месеци, бидејќи голем дел речиси 100 деца се на возраст под една година и тие се највулнерабилна група за тешки форми на заболувањето. Дополнително бидејќи имаме заболени меѓу повозрасните лица кои по редовниот календар не подлежат на вакцинација, Комисијата донесе одлука да се зголеми возраста за вакцинација, така што секое лице постаро од 14 години ќе може слободно да се вакцинира во центрите за јавно здравје односно на возраст од 14 до 60 години, рече доктор Микиќ.

Тој рече дека другиот сет мерки, што е предложен, е сите здравствени работници на територија на цела држава да мора да се вакцинирани со две дози на МРП вакцина.

Нагласи дека се забрануваат посетите на болниците и таа мерка мора да се почитува со цел да се намали можноста за внес на нова инфекција во болнички услови, анегувателкитево градинките ќе бидат задолжително проверени за нивниот вакцинален статус и ќе треба да бидат уредно вакцинирани.

-Повеќе од 70 деца со мали сипаници се хоспитализирани, од кои 55 се на Клиниката за инфективни болести, а 15 на Клиниката за детски болести. Од нив повеќе од седум се во потешка состојба, но сите се хоспитализирани бидејќи имале компликации од мали сипаници, додаде доктор Микиќ.

Ваквиот заклучок бил донесен бидејќи веќе се пријавени 961 случај со морбили. Во последната недела повеќе од 60 отсто од пријавените случаи кои се највисоки на неделно ниво биле надвор од Скопје, веќе шест центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници со вкупно население кое е повеќе од половина односно 55 отсто од територијата на државата. Вкупно 20 градови имаат регистрирано случаи на мали сипаници.

Видео: Овие постапки може да ви го спасат животот

Веројатно некогаш ви се случило да јадете риба и да ви се заглави коска во грлото.  Коската некогаш не се забележув, бидејќи е навистина ситна.

Задолжително посетете го вашиот  лекар, но доколку не можете од било која причина да го сторите тоа – ова се некои од методите кои ќе ви помогнат.

Кашлајте – кашлањето е интинктивна реакција која може да ви помогне. Кашлањето може да помогне и коската да се исфрли на наједноставен начин.

Лажица маслиново масло може да ви помогне, секако, ако сте проголтале мала коска.

Ставете малку банана во уста додека устата не стане влажна, а потоа проглтајте. И ова е корисен совет!

Видео: Дојде крај на вашиот „страв “ од заболекар

 Гелот Brix 3000  ќе ја револузионизира индустријата за стоматологија и ќе ги замени сите алатки кои заболекарите ги користат за дупчење на забите и остстранување на расипаниот дел од забот, од кои се плашиме речиси сите.

Овој  ензимски гел кој овозможува остранување на кариесот без никакви инвазивни процеси и терапии. Гелот се произведува во лабораторија и многу лесно можат да го користат сите стоматолози.

Најпрвин треба да го исчистат забот и да стават памук околу целиот заб. Потоа се нанесува Brix 3000 на целиот расипан дел од забот и се чека 2 минути. После 2 минути се отстранува гелот заедно со кариесот и процесот се повторува повеќе пати додека не се исчисти целиот кариес. Притоа, во ниеден момент не се користи друга алатка.

Кога забот ќе биде исчистен, веднаш се нанесува гелот за да се обнови енамелот на забот. На овој начин заболекарите нема да користат алатки за дупчење на забите и поправката на забите ќе трае многу пократко. Со нетрпение го очекуваме моментот кога ваквиот начин на поправка на забите ќе го замени сегашниот, кој многумина одвраќа од седнување на забарското столче.

No more dentist's drill!

This gel will revolutionize dentistry Via Brix Medical Science

Posted by Inventions & Creations on Понеделник, 11 февруари 2019

Популарно