ВИДЕО: Вашите стари компјутери имаат злато

Старите компјутери кој повеќе не ни се потребни и сметаме дека се крш во суштина во нив содржат цело богатство од злато. Во западните земји постојат компании кој ги собираат за нас овие кршови и од нив заработуваат цело богатство. На youtube најдовме едно видео кое ќе ви покаже каде се наоѓа златото во компиутерот.

Во секој телефон има злато – еве како да го извадите

Во сите мобилни телефони има злато и други благородни метали. Во просек во еден мобилен има 1/8 грама злато, а луѓето наоѓаат начин како да заработуваат од ова.

Погледнете како може да стигнете до него:

Ви посочуваме и кои мобилни телефони важат за најрадиоактивни уреди.

Сè уште е отворено прашањето околу тоа колку е штетна дневната употреба на смартфон. Но, познавачите од бугарскиот портал „Статиста“ составија листа од 16 најрадиоактивни паметни телефони.

Во неа влегуваат: Шаоми Ми А1, Ми Макс 3, Ми Микс 3, Редми ноут 5, потоа – Уанплус 6, 6Т и 5Т, Ха-те-це У12 Лајф, Ха-те-це Дизаер, Сони Експирија Икс-зед-1, ЗТЕ Аксон 7 мини, Гугл Пиксел 3 и 3 Икс-ел, Ајфон 7 и 8.

ФОТО: Во Кина во продавница се плаќа со поглед

Додека повеќето луѓе од земјите низ светот се навикнуваат на плаќањето со паметни телефони, во Кина во продавниците ќе се плаќа со поглед кон терминал или екран, кој ќе ги препознае и ќе им земе пари од сметката.

Земјите низ светот полека ги заменуваат паричниците со мобилни телефони – иако за некои готовината и понатаму е најдобра опција за плаќање, факт е дека луѓето денес помалку носат со себе готовина, но и паричници бидејќи производите и услугите можат да ги платат со мобилен телефон. Во текот на наредните години, а особено по неодамнешното воведување на PSD2 директивата, се очекува пораст на користењето на мобилното плаќање и нови апликации и услуги што ќе ни го олеснат управувањето со финансиите, плаќањето, испраќањето пари и слично.

Но, додека во Европа, САД и другите земји се зборува за плаќање со мобилен телефон, Кинезите веќе некое време се чекор пред сите. Ним не им е потребна готовина, ниту картички, ниту мобилни уреди. За да платат во одредени продавници, тие треба само да погледнат во екранот опремен со 3Д-камери во кои е имплементирана технологија на препознавање лица. Системот ќе ги препознае корисниците (кои претходно мора да се регистрираат), ќе ја знае нивната банкарска сметка и од неа ќе го земе износот потрошен во продавница.

Плаќањето со препознавање на лицето дополнително ќе го забрза и ќе го поедностави плаќањето на каса, а особено на брзите каси на кои нема касиер, туку се автоматски.

Едноставно и побрзо, но дали е побезбедно?

Ако се прашувате дали постои страв за приватноста на корисниците и дали може нешто да се случи кога станува збор за ваквата технологија, одговорот е да. Секако дека постои страв, но факт е дека Кинезите се навикнати на технологијата на препознавање лица. Државата масовно ја користи оваа технологија за следење и надзор на своите граѓани, компаниите ги следат своите вработени, полицијата ја користи за да ги фати криминалците итн. Вакво нешто е незамисливо во другите земји, барем во обем во кој се користи во Кина. Но, за Кинезите се чини дека не претставува никаков проблем. Иако се свесни за потенцијалните проблеми со приватноста и безбедноста, истражувањата покажуваат дека луѓето ја користат оваа технологија.

Носителите на револуцијата на плаќање со препознавање лице во Кина се два технолошки гиганти – „Ант фајненшл“, кој е дел од „Алибаба“ со својот сервис за мобилно плаќање „Алипеј“, и „Тенсент“ со „Вичет пеј“. Станува збор за компании кои го држат поголемиот пазар за мобилно плаќање во Кина („Алипеј“ има повеќе од 700 милиони активни корисници) и во последно време масовно се инсталираат системите за препознавање лица во голем дел од поголемите и помалите продавници во Кина. Ваквиот начин на плаќање кинеските финансиски аналитичари не го сметаат за минлив тренд, туку иден стандард што ќе ги замени картичките и мобилните телефони и ќе го забрза целиот процес на купување и плаќање.

Додека некои корисници се задоволни со ваквиот начин на плаќање бидејќи не мора да носат паричник, ниту телефон, дел од нив имале проблеми бидејќи системот не можел да им го препознае лицето и покрај неколкуте обиди.

„Фејсбук„ и „Инстаграм“ најпопуларни социјални мрежи кај Македонците

Во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа Фејсбук, за сто илјади повеќе во однос на минатата година, а повеќе од половина милион или 540 илјади лица се приклучени на Инстаграм.

Според податоците на специјализираниот сајт statista.com, од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во државава, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на Фејсбук и на Инстраграм .

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи Фејсбук со 2,37 милијарди корисници, по што следат Јутјуб со две милијарди, ФБ месинџер со 1,3 милијарди, Инстаграм со милијарда, Твитер со 330 милиони…

Дали овој телефон е „најдобар“

Наградата за најдобар  паметен телефон во светот од EISA (Expert Imaging and Sound Association) му беше доделена на Huawei .  Телефонот е прогласен за најдобар паметен телефон за 2019-2020 година, а компанијата ја освојува оваа награда втора година по ред.

Експертите од EISA ја истакнаа можноста за фотографирање во услови со слабо осветлување на Huawei P30 Pro како далеку најдобра која моментално може да се добие на паметен телефон. Исто така, пофалби доби и широкиот објектив, портретниот начин на снимање и перископскиот 5X телефотообјектив, со што Huawei го надминува секој конкурент.

Huawei P30 Pro направи неверојатен чекор напред во мобилната фотографија со претставувањето на SuperSpectrum сензорот, оптичкиот SuperZoom објектив и новата ToF (Time-of-Flight) камера, како и со подобрувањето на технологијата за оптичка и AI стабилизација на сликата.

Ненадминливиот систем од Leica камери се состои од 40 MP главна камера, 20 MP ултра камера со широк агол, 8 MP телефото и ToF (Time-of-Flight) камери. Новиот перископски телефото објектив дава повеќе можности за оптичко зумирање во компактното куќиште без губење на квалитетот на фотографијата. P30 Pro исто така има и најдобра батерија во категоријата со капацитет од 4200 mAh, која со едно полнење овозможува до два дена постојано користење на телефонот.

Наградата на Huawei официјално ќе му биде доделена во текот на Саемот за потрошувачка електроника во Берлин (IFA) на 6 септември за време на свеченото отворање.

Популарно