Мајката монструм призна дека ја продавала 14 годишната ќерката за пари

Трагичната приказна од Суботица го шокираше регионот, кога се дозна дека 14-годишно девојче кое живеело со својата мајка било продавано за пари од страна на својата 42-годишна мајка Е.Р. во последниве два месеци. Девојчето кај својата мајка дошло да живее по своја желба, а претходно живеело со хранителско семејство.

Мајката престојувала во соба покрај просторија во која носела клиенти за својата малолетна ќерка, а за тоа би им наплаќа 50 евра или 6.000 динари. Е.Р. е уапсена на 25. февруари.

Продавањето на детето го пријавил таткото, а мајката признала дека се занимава со проституција, односно свесно го извршувала кривичното дело. На клиентите не им кажувала дека тоа е нејзина ќерка.

Соседите велат дека не ја познаваат мајката, но слушнале дека во нивната куќа има страшно малтретирање.

-Гледавме дека пред нивната куќа постојано паркираат луксузни возила, но не гледавме ни кој влегува ни кој излегува. Шокирани сме како мајка може тоа да му го направи на своето дете - вели соседот.

Истрагата ќе утврди колку години затвор ќе добие Е.Р., а според законот предвидени се најмалку 5 до 20 години.

После психијатриското вештачење ќе се знае и судбината на девојчето.

Се ожени и загина во ист ден!

Марија Ј., сопругата на трагично настраданиот Марко Анѓелиќ(32) од Требиње, која загина додека ги развозувал пријателите од свадбата, се прости од него со трогателни зборови. Марија на Фејсбук ги информираше  семејството и пријатели дека погребот ќе се одржи утре.

-Мојот најсакан сопруг… Поделете понатаму за сите пријатели да бидат информирани – стои во објавата на некрологот.

Анѓелиќ загина во Мокри Долови, населба во Требиње, кога автомобилот “алфа ромео” од непознати причини излетал од патот и удри во карпа. Тој загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месец, па соседите велат дека можеби погрешно свртел. Во несреќата две лица се потешко, а две полесно повредени.

Марко живеел и работел во  Белград, а пред неколку дена дошол во неговиот роден град да се ожени.

Македонец ги заразил со СИДА сите членови на познатата група - ЕКВ?

Станува збор за трагична приказна за група на луѓе кои со своите песни обележаа едно време и позади себе, покрај многубројните хитови, оставија и низ на контроверзи поврзани за нивните приватни животи, но и за стиховите кои и ден денес ги пејат новите генерации кои не беа ни родени во времето кога бендот го снема од сцената, пренесува Еспресо.рс.

После албумот од 1992-ра година, „Neko nas posmatra“, кој музичките критичари го нарекоа најлош во дискографијата на оваа група, фронтменот Милан Младеновиќ накратко ја напушти земјата и замина за Бразил каде заедно со пријателот Митар Суботиќ работел на свој проект, кој подоцна се покажа како негов последен, “Angel’s Breath“.

Се зборува за едно херметичко и многу мрачно издание кое тотално се разликува од она што Младеновиќ го правеше со ЕКВ. Излезе дека е совршен проект за крај на една помалку несфатена, мрачна и несекојдневна кариера.

По низата лоши работи за кои можете да прочитате ТУКА, се случува почеток на трагедија токму во Скопје.

-Тие денови стигнаа лоши вести од Скопје. После еден концерт во 1987-ма година, бендот немаше обврски, па остана во Македонија на забава направена во нивна чест. Забавата траеше три дена. Првите два поминаа во алкохол и дрога, а третиот ден на ред дошол групен секс. Потоа како последица на СИДА умрел еден од учесниците во оргијата. Сфатија дека и тие се заразени. Така настана песната „Par godina za nas“ зборува за тоа…

Целата вест прочитате ја ТУКА

ВИДЕО: Како да и кажам на ќерка ми дека ТАТО ЌЕ УМРЕ?

Поранешниот репрезентативец на Холандија Фернандо Риксен се бори со тешка невролошка болест наречена АЛС. Риксен кариерата ја почнал во далечната 1997 година во Фортуна од каде преминал во АЗ Алкмар за по три години да го облече дресот на Ренџерски со кои и се прослави. Шест години со голем успех настапувал за славниот клуб од Шкотска. Во 2006 преминал во Зенит, а после тоа повторно се вратил во Фортун. Кариерата му завршува во 2013 година кога и му е дијагностицирана оваа неизлечива болест.

Кога востановиле дека боледува од АЛС лекарите му соопштиле дека му останале само 18 месеци живот, но тој решил да не се предаде. Шест години живее со тешката болест и се труди да живее нормално колку и е да тоа возможно кога е во птрашање оваа болест.

Неговите неврони умираат секојдневно и веќе подолго време е врзан за количка, а по 10 часа дневно носи и маска за кислород затоа што не може да дише.

„Во последно втеме се чувствувам уморно, дури и после спиење“, рекол Риксен, чија најголема инспирација е 6-годишната ќеркичка Изабела. 

Иако сакал да престојува во куќата во близина на Валенсија тоа е невозможно затоа што состојбата му е исклучително тешка, па веројатно до крајот на животот ќе мора да остане во болница.

Неговата сопруга Вероника е од Русија, се венчале додека играл за Зенит, а најтешко им е да и објаснат на ќеркичката што му се случува на тато.

„Не можам да и кажам што му се случува на тато, не знам како ќе го поднесе сето тоа. Разбира дека тато не може да зборува, да оди, но мислам дека не сфаќа дека наскоро ќе умре“, очајна е Вероника.

Риксен е огорчен заради ова што му се случува.

„Лут сум заради болеста. Лут сум што зависам од другите. Не можам ништо сам, фрустриран сум“, раскажува фудбалерот.

ШТО Е АЛС?

Амиотрофична латерална склероза е болест на централниот нервен систем кај која доаѓа до пропаѓање на горниот и долниот моторен неврон и така доаѓа до слабеење на преносот на сигнали од мозокот до мускулите, а подоцна и до потполн прекин на преносот на овие сигнали. Доаѓа до пропаѓање на мускулите кои атрофираат, ослабуваат и доаѓа до појава на фасцикулации. Причината за АЛС е непозната во 90 отсто од случаите се јавува спорадично, додека во 10 % како наследен облик. Статистичките податоци покажуваат дека е почеста кај мажите и најчесто се јавува меѓу 40 и 70 година од животот.

Популарно