(ВИДЕО)Груевски: Требаше да набавам 5 или 10 такви Мерцедеси!

„Беше неопходно да се набават пет до десет такви ‘Мерцедеси’, но заради севкупната економска ситуација решивме барем еден, кој што ќе се користи за странските делегации, бидејќи ни се случуваше странските премиери, претседатели што доаѓаат нивните претходници, бeзбeднocни претходници, одбиваа нивните премиери и претседатели да се качуваат во возилата кои што ние им ги дававме, а ние им ги дававме нашите. Во ситуација кога немаше друго, го позајмуваа моето возило, на министерот за внатрешни возилото, можеби некогаш и на некој друг – кога ќе влезеа внатре и кога ќе погледнеа викаат не можеме нашиот претседател (на пример Полска) да влезе во вакво возило. Тоа е cтapo, амортизирано…“ – вели Груевски за „Инфомакс“.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно