Видео: Атрактивната Маријана „се одржува“

Атрактивната Лото девојка Марјана Станојковска активно вежба во теретана, а од таму го покажува тонираното тело. Таа на социјалните мрежи сподели видео како „се поти“.

ВИДЕО: Курбат Пулев бакна новинарка во уста

На бугарската сцена се случи немил скандал,каде пејачката која важи за една од најзгодните, Андреа, го виде нејзиното момче, боксерската легенда Курбат Пулев, кој победи на натпревар,како бакнува новинарка во уста.

По ова пејачката збесна и се огласи на социјални мрежи каде напиша дека иако изгледа мирна, во главата му удрила три шамари.

Од цената на овој парфем ќе ви се заврти во главата

Парфимерија од Емиратите тврди дека направила најскап парфем на светот. Се вика Shamukh и има цена од неверојатни 1.295.000 -еден милион и двеста деведесет и пет илјади долари за количина од три литри. Тие тврдат дека работеле на овој парфем три години и направиле 494 проби

Парфемот е спакуван во шише од Италјански кристал, украсен со златен сокол и арапски коњи, ружи и глобус. Има 3571 дијамант, бисери и два килограма 18 каратно злато и околу 5 килограми сребро. Креаторите со ова сакаат да ја раскажат приказната за Дубаи. Парфемот содржи мошус, турска ружа, индијски агар и друго, се уште не е познато кога парфемот ќе се појави на пазарот меѓутоа сега може да се види на изложбата во Дубаи Маллу до 30 март.

Овој парфем се придружи на листата на скапи парфеми, според Гинис засега најскап е парфемот Clive Christian No.1 Imperial Majesty  кој се појави на пазарот во 2005 година по цена од 205.000 долари за 500 милилитри. 

Во 2011 година се појави парфемот DKNY на Golden Delicious со цена од 1 милион долари, изработен беше од бело и жолто злато и пркериен со 2700 дијаманти и 183 сафири, за количина од 100 милилитри непознат купувач плати  1 милион долари кои беа наменети за хуманитарни цели.

Дали мажите и жените имаат различни фантазии?

Интернет пПортал од Ирска анкетирал 2000 свои членови, за да дознае кои перверзии,  жените и мажите ги „пали“. Меѓутоа понежниот пол изненадил во анкетите.

Иако многу малку луѓе признаваат дека имаат сексуални фантазии кои понекогаш ги прогонуваат, меѓутоа и покрај фактот дека сите имаат различни афинитети сепак има многу совпаѓања кај мажите и жените.

Повеќе од 57 проценти од жените фантазираат за секс со  својот поранешен додека водат љубов со својот моментален партнер, додека 53 проценти од мажите  фантазираат за својата бивша девојка за време на сексот, меѓутоа само 16 проценти од мажите чуствуваат вина заради тоа.

На листата од сексуални фантазии се наоѓа и имитирањето на груби секс сцени од порно филмовите и секс со некоја славна личност.

На последно место во сексуалните фантазии се наоѓа групниот секс со пријателите, а 15 проценти од анкетираните фантазираат за секс на отворено и секс со униформирана личност.

Популарно