ФОТО: Ноне во прегратка на ново момче

Ноне Неделковска е повторно во центарот на вниманието. Имено таа на својот профил на Фејсбук објави фотографија со ново момче. Станува збор за Урош Терзија, а Ноне под фотографијата стави емотикон „срце“.

Коментарите на пријателите се дека изгледаат преубаво, а дали станува збор за момче или само за пријател, останува да видиме.

- Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера- раскажа Ноне за Женски Магазин.

ФОТО: Оваа пејачка во домот има лифт и куќни помошнички

Брачниот пар кој во последно време малку време поминува во Србија, живее во Белград во куќа од 500 квадратни метри.

Дијана Јанковиќ, позната како Диди, во 2013 година се омажила за 20 години постаориот ИТ експерт, Данијел Роквиќ.

Тие во својот дом имаат 3 куќни помошнички, а гардероберот на Дијана вреди како половина од куќата и потребно е да се одржува.

Изјавила дека само во чевлите вложила 200.000 евра, а во куќата има и лифт.

Погледнете:

ВИДЕО: Цеца ужива во нејзината луксузна вила која остава без здив

Светлана Цеца Ражнатовиќ отпатува во Кипар, каде веќе со години има куќа во која често одмора.

Пејачката одлучила да оди на одмор и да ги наполни батериите и ја избрала својата омилена дестинација каде секогаш убаво се одмора и ужива.

Овој пат ѝ се придружиле внуците од нејзината сестра, откако неодамна ги прославија нивните родендени.

Штом пристигнала го споделила со своите фанови на Инстаграм мирот и спокојството кое ова место го пружа.

Погледнете: 

ФОТО: Сузана Турунџиева кажа кој ѝ е најголема љубов

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева не ја крие радоста откако ѝ се роди внук, син на нејзината ќерка Лора. Сузана сега објави прва фотографија со внукот и откри дека нема поубаво чувство од тоа да си баба.

„Само што (конечно) научив да се сакам себеси… Се појави некој кого го сакам повеќе од мојот живот. Што да ви расправам… Љубов е тоа, невидена! Фала ти животе што ме љубиш повеќе од што јас самата себеси умеам да се љубам“, напиша Турунџиева.

Популарно