Видео: Јоаким Лев си тера по старо

Актуелниот селектор  на германската репрезентација Јоаким Лев, кој е познат по неговите невобичено гадни навики, ни овој пат не пропушти можностг  да ја згрози цела планета. На видеотосе гледа како тој „си чепка по забите„ и потоа се поздравува..

Пендаровски прифати дебата со сите кандидати за претседател

Претседателскиот кандидат Стево Пендарсовски прифати дебата со сите противкандидати на Македонската национална телевизија.

„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата. Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.

Во два одделни случаи, двајца пешаци прегазени во Скопје - со тешки повреди се пренесени во болница

Вчера во два одделни случаи двајца пешаци се прегазени на територијата на Скопје. Од МВР велат дека првиот случај настанал во 17 часот додека вторио е околу 20 часот. И во двата случаи пешаците со тешки телесни повреди се однесени во болница.

На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од  Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило  „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  С.И.(31) од  Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ПОЦ: Претпријатието не го регулира паркирањето кај „Пролет“ и таблата не е поставена од наша страна

Во близина на полициската станица „Пролет“од пред неколку денови поставена е табла на кој стои дека паркингот се наплаќа 60 денари од час, на таблата стои и логото на општинското претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

По реакциите на граѓаните, Скопје Инфо побара став од општинското претпријатие од каде велат дека тие не стопанисуваат со конкретната локација и дека таблата не е поставена од нивна страна.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар ве информира дека на наведената локација не е воведено зонско паркирање и нема одлука за воведување. Претпријатието ниту денес ниту во изминатиот наведен период не постапува, односно вработените контролори на ЈП ПОЦ не го регулираат паркињето на наведената локација. Таблата на сликата не е поставена од страна на ЈП ПОЦ, а и дизајнот на истата не соодветствува со сегашниот дизајн на таблите на претпријатието, кој се користи веќе неколку години“, се вели во одговорот од ПОЦ.

Од таму додаваат дека ќе ја разгледаат можноста за пријава и правно постапување против сторителот.

Популарно