Софија Теодор е Македонска режисерка, таа се подготвува наскоро да замине од Македонија.Таа денеска наполни 40 години, и ако е разочарана од нашето секојдневие: кариерата ќе ја продолжи во Америка, а деновиве само за “Вечер”/vecer.press даде неколку интересни изјави кои ние со задоволство ги објавувам
Таа изјави „И јас ќе имам дете како српската премиерка Ана Брнабиќ“. За разлика од Ана јас ќе го родам, така што пред тоа наскоро ќе одам на вештачко оплодување! Не гледам ништо лошо во тоа. Напротив.Среќна сум што желбата ќе ми се исполни, ќе станам мајка! Инаку, Софија никогаш не ја криела својата наклоност кон понежниот пол, отсекогаш отворено зборува во јавност за својата сексуална ориентација, но и за сексуалната ориентација на нашите политичари, музичари, спортисти, глумци….
– Да, да, имаме многу хомосексуалци мажи и жени меѓу политичари/ки, само што успешно се кријат. Мене ми се несфатливи, но тие така одбрале дволично да живеат. Одат на далечни службени патувања се кријат, а таму убаво си го поминуваат времето од по три, четири и повеќе дена со некој згоден маж. Исто е и со жените и тие така прават со друга некоја жена, а исто е и со музичарите, па и со глумците, спортистите.
–
Јас не им се лутам, тоа е нивниот приватен живот, но страшно ме нервира кога ќе почнат мажите јавно да се фалат како легнале многу жени, кога ќе се сликаат постојано со некоја друга жена никогаш иста, а вистината е поинаква. Нека не се глупираат, нека не ставаат такви смешни фотки на социјални мрежи. Кај нас, за жал, и понатаму има премногу хомофобија! Јас сум за тоа во Македонија да се легализират геј-браковите, бидејќи и луѓето припадниците на ЛГБТ заедницата се исто така даночни обврзници, а немаат никакви права, само им се измислуваат некои обврски кон државата, кажа искрено меѓу другото режисерката Теодор.