Швајцарски „Ноје Цирхер Цајтунг“: Голема Албанија „на дофат на рака“

Анализа на политиката на Еди Рама во швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг, тврди дека албанскиот премиер навистина има поголеми цели од одржувањето на власт.

На западен Балкан не поминува ни ден некој политичар да не се произнесе за можна размена на територии меѓу Косово и Србија. Тоа би можело да биде дел од договорот со кој треба да заврши повеќедеценискиот конфликт. Со години, Западот категорично одбиваше промени на границите на Балкан. Последните неколку месеци се чини дека сѐ повеќе европски држави и САД да се повлекуваат од таквиот став: најбитно било Белград и Приштина да може да постигнат согласност. Албанскиот премиер Еди Рама е отворен за промена на границите меѓу претежно со Албанци населеното Косово и Србија. „Тоа е природен процес", вели тој во разговор за Ноје Цирхер Цајтунг и посочува дека границите на Косово кон Црна Гора и Македонија во изминатите години биле редефинирани. Истовремено Рама нагласува дека Албанија не е вклучена во преговорите меѓу Косово и Србија. „Како би изгледал тој договор треба да одлучат Косово и Србија."

Точната содржина на таквиот договор е нејасна. Отворено е и колку двете земји се блиску до постигнување  договор. Во очи паѓа дека пред сѐ САД притискаат за постигнување договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп во декември испрати писмо до косовскиот премиер Хашим Тачи со оценка дека договорот е „на дофат на рака". Неодамна американскиот дипломат Дејвид Хејл престојуваше во регионот на разговори во Белград и Приштина.  

Каде би можела да се протега новата граница?

Рама има една задршка: „Етничките граници апсолутно треба да бидат заобиколени." Во тој правец изјава даде и косовскиот премиер Хашим Тачи. Но, Рама како и Тачи не сакаа детално да наведат што подразбираат под „природна" промена на границите и кога би имало етничка поделба. Тој изјави дека ако Албанија треба да има збор, би поддржала секаков договор кој има поддршка од ЕУ и САД. Албанскиот премиер постојано провоцира со идеи за голема Албанија кои во Србија и на Западот не наидуваат на одушевување. Минатата година, на пример, Рама предложи Албанија и Косово да имаат заеднички претседател. Претходно гласно размислуваше за Албанска Унија во која Албанците од Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија би можеле да се обединат.

Во секојдневието Албанците навистина се поврзаа и преку границите. Културолошката и медиумска размена е голема. Преку Косово, благодарение на автопатот, за два часа се стигнува до албанското приморје, што особено во топлите месеци доведува до голема турканица преку границите. Политички, Приштина и Тирана изгледа дека за време на мандатот на Рама изградија поцврсти односи. Од 2014 има редовни средби меѓу косовската и албанската влада, а откако Рама изминатата зима по големите студентски протести го реконструираше својот кабинет, за министер за надворешни работи, односно за образование постави двајца млади Косовари.

„Се е пропаганда“

Од аспект на Африм Красниќи, професор по политички науки на Универзитетот во Тирана ова е очигледно приближување. Заедничките владини средби до сега не донесоа конкретни резултати: „Тоа пред се е пропаганда", вели Красниќи. И именувањето на косовските министри се само симболична одлука, бидејќи албанската влада немаше влијание на Косово: „Овие министри се многу непознати на Косово."

Во секој случај, Рама, за разлика од неговиот претходник Сали Бериша, нема некакви односи со политичките партии на Косово, туку повеќе со поединечни личности, како на пример, претседателот Тачи. И економската размена меѓу двете земји во мандатот на Рама е само малку зголемена. Во 2014 година по стапувањето на функција на Рама, извозот на стока од Албанија во Косово беше 7,3%, а во 2018 е зголемен само на 8,7%. Удделот на увоз од Косово во истиот период е зголемен само од 1,1% на 1,4%.

Како најнов меѓуграничен проект засега се разговара за олеснување на граничните контроли меѓу двете соседни земји. Според косовскиот дневен весник „Коха Диторе" договорот за укинување на граничната контрола меѓу Косово и Албанија е веќе готов. Кога ќе се спроведе во пракса, Рама се уште не кажува:„Научив дека не треба да кажувам конкретни датуми". Тој сепак се надева дека проектот ќе се реализира уште годинава. Тој нема да се однесува само на границата со Косово: „Сакаме целиот регион да биде без граници, исто како Шенгенскиот модел," вели тој. Сето ова се спроведува во светло на процесот на приближување кон ЕУ.

„Ние сакаме да станеме дел од Европа, а еден ден и дел од Шенгенскиот систем." Иницијативата за олеснување на граничните контроли затоа тој ја опишува како „проактивна мерка за иднината".

План за преживување

Професорот по политички науки Красниќи смета дека позади ваквите флертувања на Рама со идејата за голема Албанија не се работи за надворешно политичка стратегија. Земјата едноставно нема своја конзистентна надворешна политика. „Албанија го прави тоа што го сакаат ЕУ и САД". Ако Рама употребува националистичка реторика, со тоа сака во најмала рака да го одвлече вниманието од домашните политички кризи. Красниќи е убеден дека Албанија во дијалогот меѓу Србија и Косово не игра никаква улога и нема никаква сопствена стратегија. Рама, кој во моментов, е под притисок на внатрешно-политички план поради протести на опозицијата, пред се има една примарна цел: по секоја цена да остане на власт.  

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Полицијата фаќа нов правец во потрагата по малата Данка

Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена.

Вчера попладне, по 27 часа, полицијата ја прекина теренската потрага бидејќи не верува дека девојчето се наоѓа на пребараниот простор од околу 10 квадратни километри.

Интензивната полициска работа продолжува до пронаоѓање на Данка Илиќ. Сега истрагата се движи во друга насока, а овие три важни индиции може да доведат до исчезнатата Данка.

1) Преглед на мобилниот телефон на мајката

Полицијата вчера го зела телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка и го испратила на вештачење, дознава „Блиц“.

Полицијата тоа го направи како дел од пошироката истрага за сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Податоците од телефонот на мајката на Данка би можеле да укажат на нови детали или луѓе од значење за случајот.

Треба да се напомене дека анализата на телефонот на мајката на Данка, како и тоа што родителите на исчезнатата Данка Илиќ вчера биле приведени во полиција на распит во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, не значи дека тие се осомничени или обвинети за какво било кривично дело објаснуваат од истрагата за српските медиуми.

– Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат ниту една можност додека се детално не се испита – вели изворот на „Блиц“.

2) Анализа на податоци од базни станици

Откако теренската потрага по исчезнатата Данка Илиќ е прекината, се врши детална проверка на податоците од базните станици на мобилни телефони во областа Бањско поле, со цел да се утврди движењето на сите лица кои биле во близина на местото каде што исчезна Данка во кобното време во вторник.

Вкрстувањето на овие податоци со изјавите на сите лица со кои полицијата разговараше по исчезнувањето на девојчето може да укаже на можни недоследности во изјавите и да отвори нови можности во истрагата.

– Досегашните резултати укажаа на нов правец во кој треба да оди истрагата. Пребарувањето на теренот е прекинато, но работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана и нема да запре додека не се најде детето – изјави синоќа за „Блиц“ добро упатен извор.

3) Проверка на деталите од пријавата за исчезнувањето на малата Данка

Иако теренската потрага е прекината, истрагата за исчезнувањето на Данка продолжува, а сега се проверуваат приватниот живот и контактите на сите членови на семејството. Повторно се прочешлаат нивните изјави, како и деталите од пријавата на мајката на Данка за исчезнувањето на детето – времето на кобниот настан, каде отишле пред исчезнувањето, а каде отишла мајката по исчезнувањето.

Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден. Затоа истражувањето на деталите за извештајот за исчезнатото лице може да помогне да се фрли ново светло на тој мистериозен момент во вторникот попладне.

Популарно