Лежел во болнички кревет и ги чул лекарите како се договараат да ги продадат неговите органи

Пациент кој преживеал мозочен удар лежејќи парализиран во болнички кревет слушал како лекарите се прашуваат како да му соопштат дека неговата ќерка нема да преживее. Уште пострашно е што лекарите тивко се договарале за продажба на неговите органи.

Џими Фризи (43) го слушнал секој збор, но не можел да реагира затоа што не бил во можност да се помрдне или да зборува.

„Функционираа само моите уши и очи. Тие (лекарите) рекоа дека нема надеж за моето девојче “, изјави Џими.

Пристигнале неговите пријатели и семејството со цел да се простат од него откако лекарите им укажале дека по скенирањео на мозокот утврдиле дека има нула проценти шанси да преживее.

Во негово присуство лекарите го прашувале семејството за можноста за донирање на неговите органи откако ќе умре не сфаќајќи дека господин Фризи го слуша разговорот.

Тој, сепак, заздравел откако неговото семејство побарало второ мислење од друг лекар, кој брзо сфатил дека Џими е целосно свесен и може целосно да закрепне.

Добил кортизон и отокот на мозокот се повлекол. Потребни биле три недели пред да биде во можност да ја раскаже својата приказна за разговорот меѓу лекарите за продажба на неговите органи.

Тој покренал тужба против лекарите за кршење на правилата, пишува порталот „Локал“.

Неодамна во „Вол стрит журнал“ бил објавен шокантен извештај за индустријата со донирани органи во кој стои дека лекарите редовно земаат органи од пациенти кои сè уште се живи. Новите американски прописи им дозволуваат на лекарите да „вбризгуваат парализатор“ доколку телото не престане да се мрда за „безбедно“ да ги отстранат органите.

„Често болницата може да заработи повеќе пари од мртвото тело отколку што може да заработи од наплата на трошоците на пациентите чиј живот го спасиле. Тоа особено се однесува на случаите кога пациентот нема здравствено осигурување и ќе биде тешко да се наплати огромната медицинска сметка.

Новите прописи се покажале контроверзни меѓу медицинскиот персонал, а многу анестезиолози и сестри јавно посведочиле за пазарот со трупови и реакции на телата кои се случувале во текот на операција на отстранување органие.

Но, господин Фризи не можел ниту да пишува ниту да се помрдне за лекарите да добијат знак дека ги слуша како разговараат за тоа што ќе направат со неговите органи.

Господин Фризи, кој претрпел крвавење на мозокот додека со својата девојка и блиското семејство одморал на архипелагот Готхенбург, подигнал тужба против болницата и бара да лекарите се преиспитаат во истрагата поврзана со црниот пазар на органи.

Болничкиот портпарол изјави дека тие соработуваат со истражителите и дека ќе откријат што точно се случувало.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно