ВИДЕО: Што направи Аркан со невидливиот ловец F117?

Пред 20 години единицата на југословенската војска го собориле митот за несоборливиот американски „невидлив“ бомбардер F117, а кој го скрушиле во едно сремско село. 

Тогашниот  командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражњатович Аркан тврдеше дека овој американски ловец е најобична гума која лесно се крши. 

- Жељко Ражњатовиќ Аркан во изјава за Ројтерс по повод соборувањето на невидливиот бомбардер Ф117 рекол дек тоа не е никакво чудо и дека има дел од тој авион кој го чува како сувенир по победата над НАТО. 

- Имам парче од тој авион. Тој е гума, необична гума. Дел од тој авион го чувам како сувенир. Можам да го скршам, рекол Аркан. 

Проследете ја изјавата на Аркан во далечната 1999 година. 


Ципрас: Луѓето од Северна Македонија ќе ги нарекувам по името на главниот град!

Коментирајќи го преспанскиот договор, Ципрас подвлече дека била отворена добра можност да се реши спорот по 30 години, и дека неговите претходници би го направиле истото да имале слични околности, додавајќи дека одредбите од договорот го постигнале најдобриот можен исход за Грција.

„Луѓето во Македонија ги нарекуваме со името на нивниот главен град „скопјани“, рече грчкиот премиер, нагласувајќи дека неговата влада ја споведува националната линија која постоела од 2004 година.

ВИДЕО: 44 вработени го прославија oткaзoт со трубачи и музика

Вчера во фабриката „Шпик– Иверица од Ивањица, 44 работници со решенијата и работната книшка во раце, испратени со музика и трубачи после 40 години работен стаж, ја напуштија фабриката.

Повеќе работници во фабриката работеле три или четири децении од својот живот.

Некои се тука од почетокот на основањето на фабриката, но повеќето од нив добија отказ, иако веруваа дека фабриката и понатаму можеше нормално да работи, но за жал не беше така.

Миленко Главиниќ еден од најстарите работници во фабриката рече за агенцијата РИНА, дека во Шпик работел повеќе од 40 години, а пред вработувањето тука бил како ученик.

Овде го поминав целиот мој живот. Денеска решивме овде да се поздравиме како луѓе, затоа што секогаш бевме тука за дружење и така ќе продолжиме после затворањето на оваа фабрика, рече Главиниќ, додавајќи дека колегите со кои што работел се многу вредни, добри и многу лесно ќе најдат нова работа.

Јас мислам дека тој што сака да работи секаде ќе најде работа. Повеќето од отпуштените работници веќе имаат нова работа, изјави Главиниќ.

Тој додаде дека и после се што им се случи на вработените, тие не се нервозни и лути на сопственикот и дека ќе останат коректни со него.

Тоа е негова одлука. Ни ги исплати заостанатите плати по нормален закон и испадна фер спрема сите нас. Затоа и одиме со музика, рече Галвиниќ.

Општина Ивањица се наоѓа во Југозападна Србија. По површина е една од најголемите општини во Србија со површина од 1.090 км, а интересно е дека повеќе од половината од општината се наоѓа под шума.

Општината има 18 месни заедници, а најголема по површина е Остатија (112 km2), а додека по број на жители е најголема Ивањица.

Шок на Косово

Полицијата уапси пет лица под сомненеие дека во една дива клиника близу Приштина илегално тргувале со човечки органи и се занимавале со незаконски трансплантации.

На Косово повторно е откриена нелегална трговија со органи, објави српски Курир. Сомневањата се дека Албанци, по некогашниот случај „жолта куќа“, повторно тргуваат со органи на Срби.

Косовската полиција во акција спроведена во вторникот и средата уапси пет лица под сомнение дека во дива клиника близу Приштина илегално тргувале со човечки органи и вршеле незаконски трансплантации.

На самото место се пронајдени материјани докази, меѓу другото и здравствени картони на седум пациенти, како и друга медицинска докуметација, а истрагата за овој случај траела неколку месеци. Инаку, сомнежите се дека една од дејностите на оваа дива клиника била и трговија со клетки и дека се вршени и инвитро оплодувања.

-Има индиции дека луѓе поврзани со оваа клиника врбувале сиромашни Срби и неалбанци и дека биле посредници во продажбата на нивните органи на богати клиенти, односно пациенти, од кои некои се од Запда, вели извор близок до истрагата за Курир.

Се додава дека на клиниката се извршени најмалку седум трансплантации, односно вонтелесни оплодуваања, но се сомнева дека таа бројна и многу поголема, зошто во некои случаи документацијата е скриена. Полицијата истражува кои во овие случаи биле купувачи, а кои продавачи на органи.

Клиниката по налог на инспекцијата е затворена, а ова инаку е втор ваков случај на Косово во последните неколку години.

Пред неколку месеци двајца Албанци од околината на Приштина се осудени на затворски казни зошто судот утврдил дека учествувале во илегални трансплантации на 23 бубрези. Приштинскиот уролог Љуфтија Дервишај е осуден на седум ипол години затвор и парична казна од 8.000 евра, а Сокољ Хајдини на година дена затвор. Во тој случај, врзан со клиниката „Медикус“, купувачи на органи во некои случаи биле од Израел, а операциите на бубрег чинеле од 80.000 до 100.000 евра.

Исто така, да потсетиме, на Косово и порано имаше трговија со органи на Срби и неалбанци. Според познатиот извештај на Дик Марти, Срби од Косово во текот на војната се носени на подрачјето на Албанија, во озлогласената „жолта куќа“ каде на сила им се вадени органи и продавани на клиенти од Запад.

Популарно